Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

МВР: Кривична пријава против градоначалникот на Делчево за злоупотреба на службена положба и овластување

МВР поднесе кривична пријава против градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски. Основата е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

МВР поднесе кривична пријава против градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.

Основата е сомнеж дека тој сторил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“. Имено, според соопштението на МВР, Трајковски по јавен оглас од 25.06.2018 за вработување административен службеник, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување и пречекорувајќи ги границите на службената должност, донел незаконска одлука за избор на кандидатот В.М. од Делчево.

Станува збор за кандидат кој уште во првата фаза од постапката за вработување, како и во моментот на донесување на решението за стекнување на статус на административен службеник, ги исполнувал законските услови за пензија со навршени 64 години. Според МВР, тоа е основ за престанок на работен однос на административен службеник, а не за вработување.

Реклама

Со незаконското вработување, пријавениот Г.Т. му овозможил на В.М. да се стекне со противправна имотна корист од 505.561 денари на име плата, а на Општина Делчево ѝ била нанесена штета од 762.318 денари по основ на исплатени плати и придонеси.