Реклама

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

Македонија

МВР: Казнети 18 458 возачи за возење без возачка дозвола

Од 1 јануари до 30 септември годинава казнети се 18 458 возачи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 1 јануари до 30 септември годинава казнети се 18 458 возачи кои учествувале во сообраќајот без да имаат возачка дозвола. Најмногу вакви прекршоци се евидентирани на подрачјата на секторите за внатрешни работи Струмица и Скопје, 3 275 и 3 202 прекршоци, соопшти денеска МВР.

На територија на СВР Битола санкционирани се 2 811 возачи за возење без возачка дозвола, на подрачје на СВР Тетово изречени се 2 086 мерки, а во СВР Куманово санкционирани се 1 660 возачи за управување без возачка дозвола.

Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во овој временски интервал биле изречени 1 634 мерки за возачи кои учествувале во сообраќајот спротивно одредбите во членот 225 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно возеле без возачка дозвола, додека пак на територија на Секторот за внатрешни работи Велес 1 466 возачи управувале возило без возачка дозвола, на подрачје на СВР Штип изречени се 1 238 мерки, а на територија на СВР Охрид 1 086 санкции.

Реклама

Во првата недела од октомври, односно заклучно со 7 октомври 2025 година во рамки на сообраќајните контроли досега констатирани се 373 прекршоци за учество во сообраќај без возачка дозвола.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа сите да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта за сите нас, се наведува во соопштението од МВР.