Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

МВР: Директорот на БЈБ присуствуваше на обука за психолошка траума – нов чекор во грижата за полициските службеници

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска присуствуваше на започнувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска присуствуваше на започнувањето на првата фаза од Програмата за поддршка при психолошка траума, што претставува новина во полицискиот систем и важен чекор кон создавање современа, професионална и одговорна полиција. Програмата се реализира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, со цел полициските службеници да стекнат знаења и практични вештини за препознавање на стресот и траумата, психолошка прва помош, кризна интервенција, колегијална поддршка и навремено упатување кон стручна помош, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Во своето обраќање, директорот Јанев истакнал дека полициските службеници се меѓу првите кои пристигнуваат на местото на несреќи, трагедии, насилства и други кризни ситуации.

– Полициските службеници се соочуваат со тешки сцени и човечка болка, а истовремено од нив се очекува да останат присебни, да носат одлуки под притисок, да го спроведуваат законот и да ја гарантираат безбедноста на граѓаните. Но, зад секоја униформа стои човек – истакнал Јанев.

Реклама

Тој посочил дека токму затоа е важно полициските службеници да бидат отворени едни кон други, да разговараат и да си помагаат, нагласувајќи дека барањето помош не е знак на слабост – туку знак на одговорност, професионалност и грижа за себе и за колегите.

Јанев истакнал дека постојаната изложеност на трауматични настани и насилство, работата во смени, недостатокот на сон, стравот за сопствената безбедност и семејните предизвици, можат да остават сериозни последици, додека стравот од стигматизација често ги спречува луѓето навреме да побараат помош.

– Оваа програма нема да биде еднократна активност. Таа ќе стане дел од континуираните обуки и системот за поддршка на полициските службеници, со што психолошката отпорност, превенцијата и колегијалната поддршка ќе се вградат како трајни елементи на современиот полициски систем – нагласил директорот на БЈБ.

Тој порачал дека граѓаните заслужуваат силна, стабилна и ментално подготвена полиција – полиција која професионално одговара на секој предизвик и одговорно се грижи за своите луѓе.

– Се грижиме за граѓаните. Се грижиме едни за други. Затоа што сме едно полициско семејство. Не молчи. Побарај помош навреме. Прашај го колегата до тебе како е и биди поддршка без осуда. Препознај. Реагирај. Помогни. Заедно сме посилни – порачал Јанев.