Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Прилози

Музичари од БиХ заработија прекршочна пријава, настапувале без работна дозвола

По трагедијата во Кочани, нема веќе настапи на диво и нелегално работење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По трагедијата во Кочани, нема веќе настапи на диво и нелегално работење на локалите и дискотеките во Македонија, и малолетници до ниедно време на улица.  За десетина дена, полицијата на двајца пејачи од регионот им ги прекина концертите и ги приведе во акциска контрола откако утврди дека немаат работни дозволи. Фолк ѕвездите од регионот Аца Лукас и Џелја Рамовиќ заработија прекршочни пријави поради тоа што не обезбедиле соодветни дозволи, а еден од локалите не ги исполнувал условите за капацитетот на публиката. Џејла Рамовиќ е приведена во Кичево, заедно со нејзиниот бенд, откако полицијата открила дека настапувале без работна дозвола. Инцидентот се случил викендов.

„Во објектот биле затекнати пејачката Џејла Рамовиќ (23) и нејзиниот бенд – К.Џ. (27), Е.П. (25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), сите државјани на Босна и Херцеговина. Групата работела без обезбедена работна дозвола, што претставува прекршок според Законот за странци, велат од СВР Охрид.

Случајот е пријавен до Основниот суд во Кичево, а против уметниците е поднесена прекршочна пријава. Полицијата вршела контоли не само во Кичево, туку и во Свети Николе. Полицајци од Штип заедно со инспектори од  Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат и Центар за социјални работи, влегле во угостителски објект и по полноќ затекнале 14 пијани малолетници. Пријави ќе има и за газдата на локалот бидејќи инспекторите утврдиле и други нерегуларности.

Реклама

Инаку, Полицијата и надлежните вршат засилени контроли во локалите не само за време на концертите во клубовите, преполни со илјадници млади луѓе.  Државниот пазарен инспекторат најавува засилени инспекции во угостителските објекти за време на предновогодишните празници вообичаено кафулињата се преполни. Ќе се проверува дали угостителите ги ислолнуваат критериумите за заштита на гостите, и ќе се казнуваат сопствениците ако работат со нерегуларности. Оттаму апелираат, угостителите да внимаат, во спротивно ќе бидат казнети.

Апелираме до угостителите да постапуваат совесно и да ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на нивното работење особено во делот на дозволениот број на гости, работното време, законот за заштита од пушење и сите други одредби. Државниот пазарен инспекторат соодветно ќе реагира за непочитување на законските обврски и ќе превземе мерки и санкции согласно законите, информираат од Државен пазарен инспекторат.

Оваа година, новогодишната еуфорија и предновогодишните забави очигледно дека ќе поминат под будното око на надлежните што треба да обезбеди поголема заштита но и ред во работењето на локалите.