Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам

Верниците од муслиманска вероисповед во земјава денеска го одбележуваат Рамазан Бајрам, еден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Верниците од муслиманска вероисповед во земјава денеска го одбележуваат Рамазан Бајрам, еден од најзначајните празници во исламот, кој доаѓа по завршувањето на светиот месец Рамазан. Празникот се слави по едномесечниот пост, период во кој верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од храна и пијалак, но и се посветуваат на молитва, духовно прочистување, хуманост и солидарност.

По повод празникот Рамазан Бајрам, поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху, порача дека моралните вредности се највисоката цел на човечката активност.

„Мирот што го негуваме за време на Рамазан покажа дека човештвото треба да биде посветено на почитување на човечките вредности, избегнувајќи убиства, војни, масакри и геноциди. Исто така се обидовме да се оддалечиме од пороците и злото, укажувајќи дека секое општество треба да се бори против аномалиите што го загрозуваат неговиот живот и младината“ – истакна поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема Шаќир еф. Фетаху.

Реклама

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати срдечна честитка по повод големиот празник Рамазан Бајрам. Во своето обраќање, претседателката истакна дека овој голем празник претставува многу повеќе од обична традиционална прослава или придржување до норми.

„Рамазан Бајрам е израз на длабока вера, духовност, милосрдие, хармонија и љубов“, се вели во честитката. Таа посебно се осврна на актуелниот глобален контекст, испраќајќи силна порака за обединување на граѓаните“, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

По деновите на пост, молитва, солидарност и духовна посветеност, Рамазан Бајрам нè потсетува на трајните вредности на хуманоста, меѓусебната почит, разбирањето и помагањето, порача претседателот на Собранието, Африм Гаши. Во честитката тој упати искрени честитки и најтопли желби за добро здравје, мир, радост и благосостојба.

И претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, преку пост на својот Фејсбук профил им го честита големиот празник Рамазан Бајрам на сите верници – муслимани.

„Среќен Рамазан Бајрам на сите верници од исламска вероисповед! Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе – почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот – истакна во честитката премиерот Христијан Мицкоски.

Бајрам е и време на помирување. Луѓето си простуваат, ги обновуваат односите и ја зајакнуваат врската со семејството и заедницата. Во текот на Рамазанскиот пост, муслиманските верници се обврзани да даваат садакатул-фитр, милостина за сиромашните.