Реклама

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Македонија

Муртезани – Сулстром: Шведска е една од најдоследните поддржувачи на нашата европската перспектива и пример за долгорочен донаторски ангажман

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шведска, Ола Сулстром, на која, како што информираат, биле разгледани прашања од стратешко значење за европската интеграција на земјата, спроведувањето на Реформската агенда во рамките на Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан, како и можностите за продлабочување на билатералната и развојната соработка.

Муртезани, како Национален координатор за спроведување на Реформската агенда, информирал за тековните активности што Владата ги презема во насока на унапредување на владеењето на правото, подобрување на деловното опкружување и зголемување на административните капацитети за спроведување на европските политики.

Тој посочи дека Владата активно ги усогласува своите реформски приоритети со целите на Планот за раст, со особен фокус на структурните промени кои овозможуваат побрза интеграција во единствениот европски пазар.

Реклама

Муртезани, се наведува во соопштението, ја истакнал значајната улога на Кралството Шведска како еден од најдоследните поддржувачи на европската перспектива на земјата, при што посебно ја нагласил развојната соработка во рамките на Шведската стратегија за реформска соработка со Западен Балкан и Турција (2021-2027), која преку Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА) придонесува за напредок во областите на демократијата, владеењето на правото, човековите права, родовата рамноправност и заштитата на животната средина. Тој рече дека СИДА останува пример за долгорочен и кохерентен донаторски ангажман, преку кој се реализираат бројни институционални и општествени проекти во согласност со националните приоритети.

Од шведска страна, амбасадорот Сулстром ја потврди подготвеноста на Шведска за натамошно унапредување на постојната соработка и за поддршка на реформските процеси на Северна Македонија во контекст на нејзините европски интеграции. Министерот и Амбасадорот ја реафирмираа заедничката определба за продолжување на интензивната техничка и експертска соработка преку програмите „Твининг“ и „TАЕКС“ (IPA Twinning и TAIEX), кои претставуваат клучни инструменти за пренос на европското знаење и искуство во процесот на усогласување со acquis communautaire.

Муртезани и Сулстром оценија дека билатералните односи меѓу Северна Македонија и Шведска се одликуваат со стабилност, заемно почитување и континуирано јакнење, што претставува вистинска основа за нивно натамошно унапредување во духот на европската соработка и заедничките вредности.