Реклама

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Македонија

Муцунски за 10-годишната забрана за Менкиновски од Бугарија: Разочаран сум од односот на една земја членка на ЕУ кон нашите граѓани

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија подготвува соодветна дипломатска реакција по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија подготвува соодветна дипломатска реакција по одлуката на бугарските власти за десетгодишна забрана за влез на адвокатот Тони Менкиновски во Бугарија, најави ресорниот министер Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција во Владата. 

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе биде упатена протестна нота, Муцунски истакна дека државата во минатото секогаш реагирала по соодветен дипломатски пат и дека дополнително ќе биде проценето кој механизам ќе се искористи во конкретниот случај, изразувајќи разочарување од постапката на земјата членка на Европската унија.

– Негативно изненаден како една земја членка на Европската унија се однесува кон еден наш граѓанин кој што имал една и единствена цел, а тоа е да штити права на група граѓани пред европските институции. И затоа, секако, ќе има соодветна реакција. Ние во минатото и со други наши соседи сме имале такви слични состојби. Секогаш сме реагирале по соодветен дипломатски пат, мерката и механизмот дополнително ќе ги процениме во рамките на институцијата, каква мерка и кој механизам ќе го искористиме што го имаме на располагање. Но јас не само што сум негативно изненаден, туку и длабоко разочаран од односот на една земја членка на Европската унија кон нашите граѓани – изјави Муцунски.

Реклама

На прашањето дали ќе биде побарана осуда од евроамбасадорот во земјава и реакција од Брисел, министерот нагласи дека приоритет е преземањето конкретни дејствија од страна на државата за заштита на интересите и правата на македонските граѓани.

– Клучно е кои дејствија ние како држава ќе ги преземеме. Затоа што, на крајот на денот, политичката осуда, јас и да ја дадам и да не ја дадам, факт е дека во 21 век се случува репресија врз еден човек само заради тоа што веројатно си ја вршел работата. Тој е адвокат. Една од примарните обврски на адвокатот е меѓу другото и да ги заштитува оние кои сметаат дека им се повредени човековите права. И не сакам да верувам дека Европската Унија, во која што посакуваме да станеме полноправна членка, ќе застане на страната на едни вакви ретроградни дејствија и механизми кои што доаѓаат од нашиот сосед. Дали некој ќе одлучи да осуди или не, е во доменот на неговото лично одлучување – посочи Муцунски.

Адвокатот Тони Менкиновски, пред два дена, на 7 март, информираше дека Бугарија му забранила влез до 2036 година, и оти во официјалниот документ што го добил стоело дека наводно тој претставува закана за националната безбедност на Република Бугарија. Тој изрази сомневање дека ваквата мерка е директно поврзана со неговата работа како адвокат кој ги застапува Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур и истакна оти обвинението е сериозно, но е донесено без конкретно образложение и без претходна правна постапка. Забраната му била врачена на 6 март на влез во Бугарија.