Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Муцунски во Словенија која покажува висока солидарност кон Македонија

Искрена благодарност, во име на македонскиот народ, Владата и државата, за високото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Искрена благодарност, во име на македонскиот народ, Владата и државата, за високото ниво на солидарност што Словенија го покажува – доказ за длабоката почит помеѓу нашите земји и народи, истакнал денеска во Љубљана, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на одвоени средби со министерката за надворешни работи, Тања Фајон и министерката за здравство Валентина Преволник Рупел и медицинскиот персонал кој се грижи за нашите пациенти хоспитализирани во Словенија.

„Имав можност лично да добијам информации од лекарскиот тим и да се запознаам со стручниот кадар кој помогна во еден исклучително важен сегмент – организирањето и реализацијата на медицинскиот транспорт на пациентите. И во Словенија, нашата амбасада, со сите свои капацитети, останува на целосно располагање на семејствата на пациентите. Кризниот штаб од Скопје е во постојана координација со сите вклучени институции во процесот на транспорт, прием и лекување“, порача Муцунски.

Тој разговараше и со лекарскиот тим од словенечката болница кој му се заблагодари за посетата и му порача дека ќе дадат се од себе во лекувањето на пациентите.

Реклама

„Почитуван министер. Ви благодариме за посетите. Гледаме дека ова е искрена посета, што ни покажува дека интересот на македонскиот народ е подготвен да ги има овие луѓе кои беа толку тешко повредени. Ниту една држава, не може сама да се справи со ваква трагедија и ние сме многу среќни што некако можевме да придонесеме и секогаш ќе бидеме тука кога ќе ви треба. Мислам дека ова е доказ, дека Европа како целина може да се справи со многу различни ситуации, никој сам не може да се справи дури ни нешто слично. Затоа ви благодариме за вашата посета. Со одговорност преземаме дека пациентите се подобруваат. Се надеваме на најдоброто. Ќе дадеме се од себе и ќе останеме тука за вас“, изјави директорот на универзитетска клиника во Љубљана, Марко Југ.