Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Муцунски во Париз на средби со француски претставници, фокус на евроинтеграциите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Париз, каде што ќе оствари средби со министерот за Европа на Француската Република, Бенџамин Адад, како и со Бертран Бушвалтер, советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Во фокусот на разговорите, како што соопшти МНРиНТ, ќе бидат натамошното унапредување на билатералните односи, реафирмирањето на француската поддршка за евроинтегративниот процес на нашата држава, како и размена на мислења за актуелни регионални, европски и глобални прашања.

Во рамките на посетата предвидена е и средба со Жером Филипини, директор на Националниот институт за јавни служби на Француската Република (INSP), при што ќе биде потпишана деекларација за намери помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија и Националниот институт за јавни служби на Француската Република.