Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Муцунски во Брисел на средби со еврокомесарката за проширување Марта Кос и други претставници на ЕК и ЕП

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата Муцунски денеска ќе учествува и на тркалезната маса „A path for European enlargement“, во организација на „Пријатели на Европа“.  

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во рамки на посетата Муцунски ќе оствари средби со еврокомесарката за проширување Марта Кос, како и со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност Роксана Минзату. Воедно, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, ќе оствари средба и со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија Елизабет Вернер.

За време на престојот во Брисел, предвидени се и повеќе средби со пратеници во Европскиот парламент, како и брифинг на министерот Муцунски со претставници на земјите членки во Работната група за проширување при Советот на Европската Унија.

Реклама

Во фокусот на разговорите и активностите за време на посетата ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, натамошната динамика на пристапниот процес, секторската соработка со институциите на Европската Унија, како и други актуелни политички, економски и реформски прашања од заеднички интерес, се наведува во соопштението од МНРиМТ.