Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Муцунски: Унгарија останува еден од најгласните и најпосветените поддржувачи на нашите европски аспирации

Договор за стратешка соработка меѓу двете влади и Меморандум за разбирање и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Договор за стратешка соработка меѓу двете влади и Меморандум за разбирање и имлементација на програмата „Стипендиум хунгарикум“ за периодот 2026 – 2028 година потпишале денеска македонскиот министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и неговиот унгарски колега Петер Сијарто, кој престојува во посета на земјава.

Како што истакна Муцунски на денешната заедничка прес-конференција со Сијарто, потпишувањето на овие документи претставува силен доказ за цврстото сојузништво меѓу двете држави.

Муцунски информира дека на денешната средба разговарале за натамошното продлабочување на политичките и економските односи, како и за континуираната поддршка од страна на Унгарија за нашите европски аспирации.

Реклама

-Унгарија останува еден од најгласните и најпосветените поддржувачи на европската перспектива на целиот регион. Тоа се докажа за време на нејзиното претседавање со Советот на ЕУ. Искрено сме благодарни за таа принципиелна и искрена поддршка, особено во контекст на нашите очекувања за напредок во процесот на пристапување кон ЕУ. Во година кога светот одбележува 80 години од победата над фашизмот и 75 години од Шумановата декларација, темелот на европскиот мировен проект, ние остануваме цврсто посветени на нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ со јасна и предвидлива динамика, нагласи Муцунски.

Министерот нагласи дека во делот на надворешно – трговската дејност воспоставиле продуктивна соработка со унгарското Министерство, од кое очекуваат конкретни резултати. Потсети дека Унгарија е меѓу првите десет најголеми трговски партнери на земјава и еден од водечките странски инвеститори, што, како што рече, претставува повеќе од цврста основа за натамошното економско поврзување.

-Како партнери и сојузници во НАТО продолжуваме да градиме отворена искрена и стратешки ориентирана соработка и убеден сум дека оваа позитивна динамика дополнително ќе биде афирмирана на претстојниот 76-ти Самит на НАТО, истакна Муцунски. Видеото погледнете го на следниот линк: