Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Муцунски рамо до рамо со Закерберг и Макрон – избран за млад глобален лидер за 2025

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, е меѓу новоизбраните…

Сподели:

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, е меѓу новоизбраните млади лидери за 2025 година, признание што го доделува Светскиот економски форум (WEF). Станува збор за престижна титула наменета за влијателни личности под 40 години, кои преку својата работа покажале лидерски квалитети и силна посветеност на подобрување на светот околу себе, информира Министерството.

Програмата за Млади глобални лидери (Young Global Leaders – YGL) е глобална мрежа на идни визионери кои активно работат на справување со најважните предизвици на нашето време. Секоја година, по внимателен селекциски процес, околу 100 личности од целиот свет се приклучуваат на оваа заедница – од кои само десетмина се од Европа. Изборот го врши независна комисија, а се земаат предвид не само професионалните успеси, туку и вредностите, интегритетот и етичкиот пристап на кандидатите.

Влегувањето на Муцунски во оваа елитна група претставува признание за неговата работа во областа на дипломатијата, европските интеграции и регионалната соработка. Како министер, тој активно се залага за човекови права, добро управување и унапредување на меѓународните партнерства.

Реклама

„Да се биде препознаен како дел од успешна група лидери под 40 години – кои доаѓаат од политиката, економијата, академската заедница и граѓанското општество од целиот свет – претставува исклучителна привилегија, но и голема одговорност,“ изјави Муцунски. „Во време на глобални предизвици и динамични трансформации, лидерството мора да се темели на визија, интегритет, емпатија и посветеност кон долгорочни и одржливи решенија. Особено се радувам што ќе станам дел од оваа извонредна заедница на креатори на промени – заедно да учиме и да создаваме, со цел да изградиме поправеден и поотпорен свет.“

Меѓу поранешните добитници на ова признание се светски познати имиња како Марк Закерберг, претседателот на Франција Емануел Макрон, коосновачот на PayPal Питер Тил, поранешниот шампион во Формула 1 Нико Розберг, финскиот претседател Александар Стуб, како и поранешниот премиер на Белгија Александар Де Кроо.

Со ова признание, Муцунски не само што добива лична потврда за неговите напори, туку и ја позиционира Македонија на светската мапа на млади визионери, поддржувајќи ја амбицијата за развој, иновации и активна улога на меѓународната сцена.