Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Муцунски по средбата со Бетел: Имаме силна поддршка од Луксембург, посветени сме на реформите

Посветени сме целосно и сметам дека се издвојуваме во однос на реформската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Посветени сме целосно и сметам дека се издвојуваме во однос на реформската агенда, имаме силна поддршка од Луксембург, но и генерално од земјите од ЕУ – вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски по средбата со неговиот луксембуршки колега Гзавие Бетел.

На средбата станало збор за поддршката која ја дава Луксембург на евроинтегративниот пат на Македонија, и сите предизвици со кои се соочува земјава.

Од колегата Бетел, добив потврда дека тие ќе останат наш посветен партнер, не само политички, туку постои и одреден потенцијал кој што го гледаме за продлабочување на соработката во економско трговските релации. Ние сме партнери и во НАТО Алијансата, и имавме продуктивна средба, изјави министерот Муцунски.

Реклама

Тој вчера учествуваше на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ кој се одржа во Луксембург а имаше и средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.

Испрати порака дека Македонија е посветена на реформската агенда, но исто така и преку проактивната дипломатија се бори да изнајде решение за откочување на процесот.

Очекуваме разбирање од земјите членки, за огромниот број отстапки кои Македонија ги има направено изминатите три децении. Потребно е да се најде начин, како да ги започнеме пристапните преговори. А секако, покрај овој дијалог што го имаме со европските институции, ние постојано сме во дијалог и со земјите членки, рече Муцунски.

На средбата се разговарало за актуелниот статус на македонското ЕУ-досие, заемната посветеност за надминување на актуелните предизвици и неопходноста од забрзување на евроинтеграцискиот процес.

Заеднички беше потврдена посветеноста на Владата кон реформската агенда и целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, што претставува силна потврда за стратешката ориентација на државата и трасира кредибилен и веродостоен пат кон полноправно членство во ЕУ, соопшти Миистерството за надворешни работи и надворешна трговија.