Реклама

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

Македонија

Муцунски оствари важни средби со европски лидери на Конгресот на ЕПП

Актуелните геополитички предизвици, билатералната соработка, посветеноста на Владата на реформскиот процес, интеграцијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Актуелните геополитички предизвици, билатералната соработка, посветеноста на Владата на реформскиот процес, интеграцијата на државата во Европската унија, како и соработката и поддршката во рамки на овој процес, беа во фокусот на бројните средби што се одржаа на маргините на Конгресот на Европската народна партија, објави Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Валенсија, каде што се одржува овој значаен настан, остваривме средби со канцеларот на Австрија Кристијан Стокер, министерката за Европа на Кралството Шведска Џесика Розенкранц, претседателот на Српската напредна странка Милош Вучевиќ, како и со членовите на Европскиот парламент Софија Кирчер, Матеј Тонин и Карло Реслер“, истакна Муцунски.

Конгресот на Европската народна партија претставува клучен момент на единство за организацијата, време кога раководството на ЕПП ја трасира насоката за претстојниот период, со јасна визија за иднината на Европа и заедничко справување со предизвиците кои претстојат.