Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Муцунски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер

Стратешкиот дијалог со САД ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стратешкиот дијалог со САД ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој ја предводи високата владина делегација на втората сесија на Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД којашто се одржува денеска во Вашингтон.

-Денеска во Вашингтон ја предводам делегацијата која учествува на втората сесија на Стратешкиот дијалог меѓу двете земји, која ја отворивме заедно со Брендан Ханрахан, висок претставник на Бирото за европски и евроазиски прашања при Стејт департментот. Овој дијалог претставува важен формат за унапредување на билатералната соработка и потврда за силното сојузништво и стратешко партнерство, напиша Муцунски на Фејсбук. 

Тој наведува дека фокусот на разговорите е ставен на клучни области, вклучително глобалните и регионалните прашања, одбраната и безбедноста, енергетиката и економската соработка, сајбер и дигиталната безбедност, како и зајакнувањето на граничната безбедност и справувањето со транснационалните закани.

Реклама

-Втората сесија на Стратешкиот дијалог претставува потврда за заедничката определба за унапредување на мирот, безбедноста и просперитетот, како и за натамошно зајакнување на трансатлантските врски. Стратешкиот дијалог ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер, со јасна посветеност кон заедничките вредности и стабилноста на регионот, стои во објавата на Муцунски.