Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Муцунски: Од ЕУ очекуваме разбирање, направивме многу отстапки во минатото

Од ЕУ очекуваме разбирање, направивме многу отстапки во минатото – за да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од ЕУ очекуваме разбирање, направивме многу отстапки во минатото – за да се зачува кредибилитетот на надворешната политика на ЕУ, потребно е да се најде начин како да се забрза процесот на евроинтеграциите – дециден е министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски кој е во дводневна посета на Луксембург.

Муцунски кој учествуваше на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, од Луксембург испрати порака дека Македонија е посветена на реформската агенда, но исто така и преку проактивната дипломатија се бори да изнајде решение за откочување на процесот.

Очекуваме разбирање од земјите членки, за огромниот број отстапки кои Македонија ги има направено изминатите три децении. Потребно е да се најде начин, како да ги започнеме пристапните преговори. А секако, покрај овој дијалог што го имаме со европските институции, ние постојано сме во дијалог и со земјите членки. Токму утре ќе имам средба со министерот за надворешни работи на Луксембург и вицепремиер Хавиер Бетел, рече Муцунски.

Реклама

Министерот се сретна и со еврокомесарката Марта Кос.

– На средбата се разговараше за актуелниот статус на македонското ЕУ-досие, заемната посветеност за надминување на актуелните предизвици и неопходноста од забрзување на евроинтеграцискиот процес. Заеднички беше потврдена посветеноста на Владата кон реформската агенда и целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, што претставува силна потврда за стратешката ориентација на државата и трасира кредибилен и веродостоен пат кон полноправно членство во ЕУ, соопшти Миистерството за надворешни работи и надворешна трговија.