Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Муцунски: Набргу очекуваме склучување договор за стратешко партнерство со Хрватска, сличен на тие со Обединетото Кралство и Унгарија

Набргу очекуваме склучување договор за стратешко партнерство со Хрватска, сличен на тие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Набргу очекуваме склучување договор за стратешко партнерство со Хрватска, сличен на тие со Обединетото Кралство и Унгарија, најави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Во гостувањето на една од националните телевизии, во контекст на посетата на хрватскиот министер за надворешни и европски работи, министерот говореше за билатералните односи со Хрватска осврнувајќи се на постојните стратешки договори со Обединетото Кралство и Унгарија, како и на најавата за нов договор за стратешко партнерство со Хрватска.

– Во најава имаме договор за стратешко партнерство со Хрватска. Тоа го најавивме и двајцата на заедничката прес-конференција. Разговараме за билатерален договор меѓу двете држави, кој е сличен на договорите што ги имаме со Унгарија и со Обединетото Кралство – истакна министерот Муцунски.

Реклама

Шефот на македонската дипломатија информира дека во моментот се водат разговори за финализирање на процесот на создавање стратешко партнерство меѓу двете држави, кое ќе опфати повеќе области, меѓу кои економијата, трговијата, безбедноста и енергетиката. Тој ја посочи Хрватска како „ментор во евроинтегративниот процес“ на државата нагласувајќи ги политичката поддршка и техничката помош.

Во однос на стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, министерот посочи дека, во согласност со информациите од надлежните институции, активно се работи на реализација на проектот за брзата пруга, како и на проекти поврзани со системот на јавното здравство.

Осврнувајќи се на договорот со Унгарија, Муцунски нагласи дека преку ова стратешко партнерство се реализираат повеќе проекти, особено во инфраструктурата, при што договорот претставува значајна алатка и во насока на подобрување на јавниот транспорт.