Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Муцунски на средба со босанскиот колега Конаковиќ: Двете држави ги поврзуваат ЕУ-перспективата и определбата за зачувување на мирот во регионот

Одличните билатерални односи и континуираната соработка меѓу двете држави, како и конструктивниот политички дијалог што се одвива на сите нивоа, биле потврдени на денешната средба во Сараево на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ. – Одржуваме редовен и содржаен политички дијалог […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одличните билатерални односи и континуираната соработка меѓу двете држави, како и конструктивниот политички дијалог што се одвива на сите нивоа, биле потврдени на денешната средба во Сараево на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ.

– Одржуваме редовен и содржаен политички дијалог на сите нивоа и немаме отворени билатерални прашања. Во денешните геополитички околности тоа претставува редок и позитивен пример во нашиот регион – истакнал министерот Муцунски на заедничката прес-конференција по средбата, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Соговорниците разговарале за актуелните политички состојби во регионот, европската интеграција и политиката на проширување на Европската Унија. Притоа било нагласено дека проширувањето претставува стратешки интерес и за земјите од Западен Балкан и за самата Европска Унија, особено во услови на засилени геополитички предизвици.

Реклама

– Нашите две држави ги поврзуваат заеднички стратешки цели, пред сè европската перспектива на регионот, како и заедничката определба за зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста на Западен Балкан и Европа – нагласил Муцунски.

Во разговорите била потврдена и подготвеноста за понатамошно продлабочување на билатералната соработка, пред сè на економски план. Била истакната потребата од почести бизнис-форуми, подобрување на транспортната поврзаност и повторно воспоставување на директната авиолинија Скопје – Сараево.

– И покрај одличните политички односи, постои значителен простор за унапредување на економските врски меѓу двете земји. Во таа насока, иницираме организирање бизнис-форуми, надминување на оперативните предизвици во транспортот и подобрување на транспортната поврзаност, вклучително и преку повторно воспоставување на директната авиолинија Скопје – Сараево – истакнал Муцунски.

Соговорниците размениле мислења и за актуелните безбедносни предизвици во регионот, при што била нагласена важноста од зачувување на стабилноста, суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на Босна и Херцеговина нво согласност со Дејтонскиот мировен договор.

– Цврсто стоиме зад суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на Босна и Херцеговина. Почитувањето на државните симболи и меѓународно признатиот субјективитет на БиХ останува наш принципиелен и конзистентен став – изјавил Муцунски.

Осврнувајќи се на евро-атлантската перспектива на Босна и Херцеговина, министерот Муцунски нагласил дека Македонија како како земја членка на НАТО силно ги поддржува евро-атлантските аспирации на БиХ и напорите за спроведување на реформите во соработка со алијансата и меѓународните партнери.

– Истовремено, сметаме дека ангажманот на НАТО и Европската Унија, заедно со присуството на ЕУФОР – „Алтеа“ и Канцеларијата на високиот претставник, остануваат од суштинско значење за зачувување на стабилноста, безбедноста и целосната имплементација на Дејтонскиот мировен договор – нагласил Муцунски.

Во соопштението се додава дека била потенцирана и важноста од меѓусебната поддршка во рамките на актуелните кандидатури во меѓународните организации и форуми.

– Убеден сум дека денешните разговори ќе дадат нов импулс во натамошното јакнење на нашето партнерство и пријателство, засновано на доверба, меѓусебна поддршка и заедничка визија за стабилен, безбеден и економски просперитетен регион – истакнал Муцунски.

Двајцата министри ја потврдиле подготвеноста за натамошно зајакнување на политичкиот дијалог, економската соработка и партнерството меѓу двете пријателски земји.