Реклама

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

Македонија

Муцунски најавува нова фаза во економските односи со Обединетите Арапски Емирати за градење специфично и посебно партнерство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека со Обединетите Арапски Емирати се води активен дијалог помеѓу нашето и нивното министерство за постигнување два договори – договор за стратешко партнерство, кој ќе ги олесни меѓусебните инвестиции и договор за слободна трговија.

Говорејќи за активностите насочени кон зајакнување на економската и политичката соработка со Обединетите Арапски Емирати, информира и дека постои сериозен интерес за инвестирање во земјава.

-Нашата цел е со Обединетите Арапски Емирати да изградиме специфично и посебно партнерство, бидејќи станува збор за држава која има реализирано успешни капитални проекти и со која, од стратешка гледна точка, делиме многу исти ставови“. Со ОАЕ веќе водиме активен дијалог помеѓу нашето министерство и нивното министерство за два договори – договор за стратешко партнерство, кој ќе ги олесни меѓусебните инвестиции, и договор за слободна трговија, нагласи Муцунски.

Реклама

Говорејќи за конкретните можности, министерот посочи дека интересот од страна на Обединетите Арапски Емирати е јасен и конкретен.

-Интересот е конкретен, а финансирањето може да се обезбеди од нивна страна. Портфолиото на интерес е широко. Товарот за реализација на овие проекти лежи кај нашето министерство и ние, како институција, заедно со претседателот на Владата и другите надлежни институции, работиме максимално внимателно и одговорно на овој договорен аранжман со Обединетите Арапски Емирати, рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија. 

Муцунски нагласи дека Владата има јасна амбиција за подобрување на животниот стандард на граѓаните, преку привлекување странски инвестиции и поддршка на домашните компании.

-Владата има конкретни резултати во привлекувањето странски инвестиции и во промоцијата на нашите компании во странство, и ќе продолжи максимално фокусирано да работи на овие проекти, истакна тој.

Во однос на динамиката на инвестиционите одлуки, министерот посочи дека станува збор за сложен процес кој бара внимателен и одговорен пристап.

Како потврда за сериозноста на разговорите и насоката на соработката, Муцунски го издвои своето неодамнешно присуство во Обединетите Арапски Емирати и учеството на форум од затворен формат „Сир бани Јас“, нагласувајќи дека бил првиот министер за надворешни работи од нашата земја поканет да учествува на овој форум.