Реклама

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија

Муцунски: Мирни и демократски избори, очекуваме повеќе гласови и градоначалници од минатите локални избори

Мирни и демократски избори е оценката на ВМРО-ДПМНЕ за денешните Локални избори.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мирни и демократски избори е оценката на ВМРО-ДПМНЕ за денешните Локални избори. Потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски на првата прес-конференција по затворањето на избирачките места во 19 часот во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека коалицијата што ја предводат ќе победи во најголем дел од општините. Очекуваме, додаде тој, и повеќе гласови и повеќе градоначалници од минатите избори. 

– Македонија имаше мирни и успешни избори кои ги задоволуваат највисоките критериуми за демократски изборен процес. Можеби најпримерните и најмирни избори во нашата понова историја. Затоа заслугата ја имаат пред се граѓаните на Македонија. Благодариме на сите граѓани, на нивниот одѕив, на нивната решителност, нивната одлучност и континуирана желба да ја наградат работата, проектите и да бидат на вистинската страна, рече тој.  

Очекуваме, како што кажа, огромна победа која ќе биде прослава на волјата на граѓаните, но и порака за сите оние кои ја влечат на дното на погрешната страна во целосна безидејност, без концепт и без визија. – Македонија денес одлучи да стави крај на тоа, додаде  Муцунски.  

Реклама

– Некои информации кои говорат за извесни нерегуларности и обвинувања кои треба да фрлат дамка на изборниот процес и гледаме како стратегија на СДСМ и на нашите политички противници за барање алиби за поразот кој очигледно следи, рече тој и посочи дека очекувано е таа партија да се реформира.  

Според Муцунски, победата ќе биде чиста и јасна и тоа за нив како владејачка партија ќе биде одговорност која не смеат да ја изневерат.