Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Муцунски ја повика опозицијата да не ја блокира реформската агенда: Одговорен пристап кон европската иднина, а не дневна политика 

Министерот за надворешни работи Тимчо Муциунски ја повика опозицијата да има одговорен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи Тимчо Муциунски ја повика опозицијата да има одговорен пристап за реформската агенда, да придонесе во европската иднина и да ја тргне настрана дневната политика. Соопшти дека во следниот период се очекува „историски висока исплата на средства за државата во рамките на планот за раст“.

– Европската интеграција не може да биде успешна без сериозност, без одговорност и без минимум национален консензус за најважните државни прашања. Ова не е процес на една влада и на една политичка партија, ова е процес што ја определува иднината на државата. За реформската агенда ни е потребен политички дијалог заснован на аргументи, институции и заемна почит, а не на дневнополитички конфронтации, што ја поткопуваат довербата во процесот – истакна Муцунски на прес-конференција во Владата.

Како што рече, реформската агенда не е само парола, туку подразбира функционални институции, владеење на правото, незвисно правосудство, држава што работи по европски стандарди, но исто така подразбира и чувство на одговорност кон државата. 

Реклама

– Затоа денес сакаме јасно да упатиме повик до опозицијата – да ја тргне дневната политика настрана кога станува збор за европската иднина и да покажеме зрелост и конструктивност за реформите клучни за државата, особено реформите што се директно поврзани со европската агенда и планост за раст. Пред сè, Изборниот законик и правосудните реформи. Токму тука денес е потребна политичка зрелост. Не декларативна поддршка за Европа на прес-конференции, туку конкретна поддршка онаму каде што навистина се носат одлуките – во институциите и во Собранието. Ова не се само обични законски измени, туку реформи што директно влијаат врз кредибилитетот на државата, врз владеењето на правото и врз способноста да продолжиме да ги користиме можностите што ги отвораат фондовите на ЕУ – апелира Муцунски.

Нагласи дека секое блокирање, одолжување или политизирање на овие процеси не е удар врз Владата, туку врз европската перспектива на државата и врз интересите на македонските граѓани.

– Едно говорат, а сосема друго прават, зборуваат за Европа, а ги бојкотираат законите. На прес-конференции секој ден велат Европа, а во пракса не ги поддржуваат законите и не учествуваат во работната група за закон што Европа го бара од нас. Неносењето на овие закони значи дека државата ќе губи средства за проекти и за капитални инвестиции од ЕУ-фондовите – рече Муцунски.

Посочи дека земјата во овој период добива сериозна поддршка и доверба од Европската Унија и затоа, рече, сите фактори имаат обврска да покажат одговорност и да придонесат кон реформите наместо да создаваат нови политички блокади.

– Остануваме силно посветени на реформите затоа што тие не се важни само за Брисел, туку, пред сè, за македонските граѓани и за подобри институции и економија – додаде шефот на дипломатијата.

Укажа дека реформската агенда е директно поврзана со планот за раст на ЕУ, механизам кој што твора сериозни можности за инвестиции, инфраструктура и економски развој. 

– Сакам да ја информирам јавноста дека во следниот период очекуваме историски висока исплата на средства за државата во рамките на планот за раст. Тоа е јасен сигнал дека европските институции го препознаваат нашиот реформски капацитет, сериозниот пристап и институционалната подготвеност. Но, истовремено, тоа е и момент кога политичките чинители треба да покажат одговорност и зрелост. Бидејќи европската иднина не се гради на празни прес-конференции и со дневнополитички поени. Се гради со работа и со реформи и со чувство на одговорност кон државата и кон генерациите што доаѓаат, порача Муцунски. хс/са