Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Му подари Длабока резба со мотив „Гроздови“: Сиљановска на аудиенција кај папата Лав 14

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, во рамки на посетата на Рим…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, имаше аудиенција кај папата Лав 14.

По завршувањето на аудиенција, претседателката Сиљановска – Давкова во Апостолската библиотека на Папата му ги претстави членовите на македонската државно-црковна делегација, каде што разменија и пригодни подароци.

Во оваа прилика, претседателката Сиљановска – Давкова на папата Лав 14. му подари Длабока резба со мотив „Гроздови“.

Реклама

Резбата е во изработка од дабово дрво, со мотиви од овошје и животни кои ги краселе македонските манастири и цркви, како и побогатите македонски куќи. Познати се многу копаничарски дела чии резби красат многу од црквите и надвор од Македонија. Мотивот со гроздови ја претставува лозата на животот и симболика за животна обнова и врска помеѓу религијата и луѓето преку виното (крвта на Исус).

По аудиенцијата, претседателката Сиљановска – Давкова имаше средба со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин.

Средбата траеше околу 40 минути, а заврши со меѓусебна размена на подароци.

Подарокот за кардиналот Паролин беше Златна ритуална маска, која е  дел од раскошните предмети, користени како прекривка на телото, во практиката на погребниот култ. Локалните владетели – пајонските војводи, од VI век п.н.е., ја изградиле оваа некропола на Требенишкото Кале. Тоа беше периодот пред државата да ја обедини најмоќната династија Аргедовите, првата династија на Македонското Кралство.

По средбите во Ватикан, предвидена е изјава на претседателката Сиљановска – Давкова, по што таа веднаш заминува на средба со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела.