Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

МПЦ-ОА со повик за молитва и сплотеност

Македонската православна црква – Охридска архиепископија упати повик за молитва и сплотеност.…

Сподели:

Македонската православна црква – Охридска архиепископија упати повик за молитва и сплотеност.

„Минува третиот ден од ужасната трагедија во која животите ги загубија 59 невини наши млади чеда, а над стотина се здобија со тешки повреди. Оттогаш, Светата Македонска Православна Црква постојано се моли за спасение на невино настраданите, служејќи помени за упокоените и принесувајќи молитви за исцеление на повредените, како и за утешение на нивните семејства и ближни“ се наведува во соопштението од кабинетот на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во кое во продолжние се вели и дека во овие дни на траор го повикуваат верниот народ да ги сосредоточи срцата во молитва кон Господа, просејќи од Него да ги прими душите на новопретставените чеда Божји во прегратките Авраамови, а, пак на повредените да им дарува побрзо оздравување.

„Народната сплотеност и единство најмногу се огледуваат и се најпотребни во вакви злокобни неприлики. Затоа, ги повикуваме сите верни чеда на Мајката Македонска Црква и сите граѓани на Македонија  ̶  да го сочуваме мирот во себе и мирот меѓу себе и, прилежно молејќи се, достоинствено да тагуваме“ се наведува во соопштението.