Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Мостот кај Башино Село е пуштен во употреба

Заврши реконструкцијата на мостот кај Башино село во Велес. Пуштен е во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заврши реконструкцијата на мостот кај Башино село во Велес. Пуштен е во употреба за лесни и товарни возила.Носивоста ќе биде иста како и до сега, возила до 40 тони тежина. Според експертите, со добро одржување тој ќе може да се користи и повеќе од предвидените 10 години. Мостот бил оштетен од временските услови, со петдецениското користење, бидејќи тој е изграден 1971 од ЈНА како времен. Во овој период досега не биле завршени никакви зафати. Според градоначалникот на општина Велес, овој мост е значаен за велешани.

„Не знам колку премиери, министри за транспорт и врски на Македонија и колку директори на јавни претпријатија дошле на оваа локација да го видат мостот да дадат ветување пред граѓаните и од тие ветувања немаше ништо. Пред 6 месеци по добивањето на извештајот од Градежен факултет и алармантната состојба што ја имавме на мостот, Градежниот факултет направи техничко решение, јавното претпријатие со поддршка на Министерството и Владата обезбеди финансиски средства, се избра фирма”, вели Марко Колев, градоначалник на општина Велес.

Иако стариот мост е целосно реконструиран. Директорот на ЈПДП најави дека на 50 тина метри оддалеченост од постојниот ќе се изгради нов мост.Проект има а во втората половина од годината ќе се распише јавен повик за изведувач на проектот.

„Веќе е во фаза на проктирање на нов мост. Новиот мост, веќе при крај е проектирањето и се надеваме дека втората половина на оваа година ќе го објавиме тендерот за градба на новиот мост и можам да ви кажам дека ова ќе биде мост со технологија која што досега не е правена во Македонија, барем како што кажуваат професорите“, изјави Коце Трајановски, директор на ЈПДП.

Реклама

Премиерот Мицкоски вели дека Владата ги остварува ветувањата и е задоволен од темпото на реконструкцијата на мостот. Најави дека во следниот период општините засилено ќе работат на нови проекти за подобар живот на граѓаните. Со оглед дека расте интересот за пријавување на јавниот повик од линијата 250 милиони евра за развој на општините тој кажа дека тоа е доказ дека градоначалниците работат макотрпно за своите градови.

Мостот кај Башино село служи за влез за тешки товарни возила за индустрискиот дел на градот, но и за дистрибуција на дрвна маса исечена од регионот на Азот.