Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Монтажни болници нема, охридскиот ковид-центар разгледува нови сценарија

Охридската болница е една од 16-те установи во чии рамки треба до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охридската болница е една од 16-те установи во чии рамки треба до крај на овој месец да бидат подигнати монтажни болници,но ништо од тоа. Обрастена со треви, локацијата на која треба да биде поставена монтажната болница не е ниту средена. Од општината чија обрска е да го тампонира и да подготви просторот со површина од околу 600 метри квадратни, велат дека од министерството за здравство добиле некои непатствија но тоа не е доволно,додаваат. Треба јасно да бидат поставени работите за да нема проблеми во фунционирањето на болницата која патем,не се знае нити колку ќе чини. Општината нема ниту пари за ваков зафат,а не е изготвен ниту проект врз основа на кој ќе се изгради болницата.

Па рачунајте дека таму има соби,во секоја соба мора да има струја, водовод и канализација.Значи не се работи за ситна работа,затоа мора малку постудиозно да се направи и проектче некое што ќе биде издржано за да немаме утре проблеми.Од наша страна знаете дека ние во нашите програми во буџетот такви сретства немавме ни предвидено, ова е вонредна ситуација вели Томе Нанески-општина Охрид.

И додека општинарите тврдат дека не добиле рок до кога да биде готова болницата,во пикот на заразата оваа есен,болниците ќе мора сами да се снаоѓаат и реорганизираат бидејќи нема никакви изгледи монтажната болница да биде готова до крајот на оваа година.Раководството на охридската болницата,сега разгледува нови сценарија.

Реклама

Како да ги иселуваме некои делови од болницата како што и летото беше иселен одделот за хирургија пред почетокот на мој термин кога донесовме дополнителни 10 кревети. Сега тој е вратен во стара позиција пошто отворивме мој термин, меѓуоа ако и тоа не биде,ќе мора да иселуваме или преадаптираме други оддели од болницата вели д-р Горан Балев-дир на општа болница Охрид.

Низ одделенијата на охридската општа болница која е регионален Ковид центар, изминатиов период поминаа голем број заболени лица,епидемиолозите во повеќе наврати укажаа дека здравствените власти требаа да направат поинакви протоколи со цел да се спречи ширењето на заразата. Наредните денови очекуваат бројот на заразени да расте, бидејќи списокот на лица кои допрва ќе се тестираат е голем.Во Охрид коронавирусот се појави и во градинките, една воспитувачка е заразена а 10 дечиња и една негувателка се во изолација. Меѓу заболените има и двајца сватоштини-сватот кој бил на одмор во Албанија,по враќањето сакајќи да ја испочитува сваќата и ја пренел болеста.

Росица Голабоска