Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Молк од „шарените„ по навредата од Заев за “се шуто и рогато”

Дали ова се шутото,рогатото, и онаа Шарена револуција која Заев планирал да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали ова се шутото,рогатото, и онаа Шарена револуција која Заев планирал да ја пушти низ вода?

Во последните аудио материјали лидерот на СДСМ, Заев со пцости и погрдни зборови зборува за Шарената револуција, ама денеска молчат речиси сите „шарени“ кои по протестите и доаѓањето на власт на партијата на Заев седнаа во пратенички или други функционерски фотељи.

Па така денеска на пораките на Алфа за последните бомби не одговараа ниту пратеничката Туфегџиќ, ниту инфлуенсерот и влијателен меѓу „шарените Влатко Васиљ. Се изјасни екс пратеникот Павле Богоевски, со статус во одбрана на Заев. Оние кои до крај останале верни на борбата за правда и се незадоволни што оваа власт ја вети а не ја гледаме, реагираа жестоко.

Реклама

Да бидам искрен, свесен бев и самиот дека влегувам во протести организирани од СДСМ и некои невладини организации,јас,но и ние како Левица тогаш имавме намера да заземеме позиција во рамки на тоа движење и да не го пропуштиме истото на СДСМ, вели за Алфа , Маргилен Демири – граѓански активист

И професорот Апасиев, кој остана да се бори за правдата преку неговата „Левица“ надвор од шарената коалиција како што ја нарекува Заев, реагираше:

Павленце, Туфекџиќ,Бранче Акциза и остала учипена багра….Како се осечате сеа бе?

Заев вчера рече дека лошо се изразил во бобмата ама не им се извини на оние што го донесоа на власт.

З.З: Шарена револуција 4.8%

XX:Која шарена револуција, тие не се партија бе. Да се формираат како партија тие …

Зоран Заев: Не може да се формираат јас го регистрирав тоа, кај ќе се формираат

XX:Како ти го регистрира,

З.3: Па го регистрирав, шарена коалицијата ќе биде кога ќе излеземе

XX:Шарена коалиција а?

Зоран Заев: Се ќе соберам на купче и шуто и рогато. Све

XX:И после ќе ги пуштиш низ вода

З.З: После мамето ќе им го …, сите што ќе влезат кај мене во коалиција

Едно на терен а друго во бомбите. Заев меѓу толпата се нарекуваше себе си дури и хулиган кој фарбајќи ги институциите демонстрираше максимална поддршка за „шарените“, но лично имал друг план. Барем така вели во последната бомба.

Ова денеска како перформанс на сите нас хулиганите и хулиганките, составен дел на оваа шарена револуција, беше чин на солидарност…викаше тогаш Зоран Заев (26.05.2016)

Во втората бомба објавена вчера Заев за владиката Наум вели дека бил премачкан со сите бои. До овој момент нема реакција од владиката,ниту пак е достапен на неговиот мобилен телефон.

Мери Ѓорѓиевска