Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Македонија

МНР ќе го испрати владиниот авион да евакуира дел од Македонците заглевени на Блискиот исток

Владиниот авион ќе лета за Израел за евакуација на македонските граѓани заглавени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владиниот авион ќе лета за Израел за евакуација на македонските граѓани заглавени таму. Сите кои се пријавиле во ДКП во Тел Авив, ќе бидат пренесени по копнен пат на локација до која е безбедно да стигнат, од каде што ќе ги преземе владиниот авион. Во владиониот авион има место за седуммина патници, но за да можат да си дојдат дома сите кои стапиле во контакт, се разгледуваат можности за комерцијални летови од безбедните околни точки.

  • „За Македонците кои се во Израел веќе договараме евакуација. Се разгледуваат алтернативни патни правци кои се безбедни за да можат да бидат извлечени, а од таму да ги преземеме со владиниот авион. Првите патници очекуваме да стигнат дома уште утре“, изјавија од МНРиНТ.

За патниците од Катар, од МНР велат дека се во преговори за специјален комерцијален лет со кој би се вратиле дома, а вrаќањетo од Обединетите Арапски Емирати ќе почне во првата безбедна прилика.

Македонското министерство за надворешни работи се откажа од идејата за извлекување по копнен пат затоа што условите на терен покажале дека таквата евакуација е небезбедна. Според последните информации ниту еден македонски граѓанин не е повреден, сите се на згрижени, а бројката на луѓе што побарале да бидат евакуирани порасна на вкупно 473. Најмногу ги има во Дубаи, дури 348 луѓе, по што следи Катар, па Израел, Кувајт и Бахраин.

Реклама
  • Согласно информациите добиени од надлежните власти, сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати. Евакуацијата ќе биде почната во првата безбедна прилика, при што веќе се разгледуваат можностите за нивно безбедно извлекување веднаш штом се создадат соодветни услови“ велат од МНРиНТ.

Апелот на надлежните е сите да ги следат насоките, а телефонските броеви остануваат отворени 24 часа.

Од регионот, Србите први успеа да евакураат 200 луѓа со авион. Дубајската авиокомпанија „Емирати“ вчера соопшти дека започнува сообраќај со ограничен број летови, а приоритет имаат патниците кои се заглавени во транзит зоната или имаат претходни резервации, а за сите останати останува суспензијата. Затворен останува и поморскиот пат откако Иран ги предупреди бродските компании, кои главно извезуваат нафта или 20 проценти од светскиот пазар да не го користат Ормутскиот теснец.