Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Многу ветувања, малку странски инвестиции

Многу ветувања, малку работа. На прсти се бројат странските инвестиции кои ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Многу ветувања, малку работа. На прсти се бројат странските инвестиции кои ги донесе власта. Најголем дел од нив слабо работаат на терен. Иронично, ниту една македонска компанија не отвори капацитет во зоните и покрај законското изедначување на инвеститорите.

Веќе 3 години, никој од надлежните не знае на памет да ги наброи 10-тината фирми кои инвестираа во земјава, а веќе 3 години јавноста нема увид во склучените договори. Не се знае со колку пари од буџетот биле поддржани, а директорот на ТИРЗ дури кажа дека дел од нив биле деловна тајна.

Од 2017-та наваму, се пуштија повеќе фирми со кои преговараше претходната влада. Уште во првиот месец од преземање на власта тогашниот премиер Заев присуствуваше на поставување камен темелник на новата инвестиција на „Адиент“ или екс „Џонсон контролс“ во струмичката зона Свидовица.

Реклама

Неколку месеци подоцна, истото го стори и со турската „Чагатај кабло“. Меѓу компаниите со кои власта се фали дека ги донела во Македонија, а преговарала претходната владејачка гарнитура се вбројуваат и германските „ВИК“ и „Кеслер“, турската „Мурат Тиџарет“, американските „Теламон“, „Дура“, руската „Кранфилд“, швајцарската „Баумер“.

Во предизборниот период, партиите се караат не само за тоа кој донел повеќе странски инвестиции, туку и за динамиката на градење на патиштата. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека власта не започнала ништо ново, само завршувала автопати кои биле претходно во градба. СДСМ, пак, се фали дека се гради како никогаш досега.

Инаку, бројките за капиталните инвестиции, се поразителни. За првите 5 месеци се потрошиле едвај 18.5% од планираното за изградба на патишта, училишта, болници. Странските инвестиции, пак во првите 3 месеци се на ниво од 137 милиони евра. Сепак, целата сума не се однесува на нови вложувања. Дури 86 милиони евра се реинвестирање на добивката на постоечките фабрики.

Тања Попова