Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Економија

ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката

Народната банка остварува континуиран напредок во областа на статистиката, со висока усогласеност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народната банка остварува континуиран напредок во областа на статистиката, со висока усогласеност со меѓународните стандарди и засилена транспарентност. Ова беше истакнато на средбата на гувернерот Трајко Славески и делегацијата на Народната банка со претставници на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд, одржана на маргините на Пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон.

На средбата, информираат од Кабинетот на Славески, беше нагласено дека Народната банка активно придонесува кон иницијативата на ММФ за проширување на СДДС плус стандардот. Во таа насока, од јануари 2026 година започна редовна дисеминација на дополнителен индикатор, кој се однесува на показателот за нето-отворена девизна позиција во однос на капиталот, на Националната страница за стандардни податоци (NSDP).

Значаен напредок е постигнат и во областа на финансиските сметки, со објавување на  кварталните податоци за трансакции. Со тоа, Народната банка целосно ги имплементира препораките на ММФ, во однос на опфатот на податоците, со што се постигна усогласување со најновите меѓународни стандарди во оваа област.

Реклама

Во доменот на екстерните статистики се преземаат активности за натамошно подобрување на квалитетот и деталноста на податоците. Во овој контекст, се реализира и проектот за воспоставување единствен склад на статистички податоци, финансиран од Европската комисија преку ИПА 2021.

Во доменот на монетарната статистика, продолжуваат активностите за воспоставување интегриран систем за известување за статистички и супервизорски потреби. Подзаконските акти донесени во 2025 и 2026 година воспоставуваат сеопфатна рамка за усогласено известување од банките и штедилниците, при што новиот систем ќе започне со примена од септември 2026 година, а известувачите веќе активно го тестираат.

Соговорниците ја истакнаа важноста на досегашната соработка и изразија подготвеност за нејзино понатамошно продлабочување, со фокус на унапредување на статистичките практики и усогласувањето со меѓународните стандарди.