Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Младински фудбалски турнир во Бардовци

Во рамки на манифестацијата „Карпошово културно лето 2026“, претпладнево, во организација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на манифестацијата „Карпошово културно лето 2026“, претпладнево, во организација на ФК „Лепенец“, на фудбалските терени на клубот во населеното место Бардовци започна дводневниот младински фудбалски турнир.

Како што соопштија од Општина Карпош, во него учествуваат 32 екипи поделени во две генерации: 2016 (шеснаесет екипи) и 2017-та година (шеснаесет екипи). Овој настан има за цел да ги промовира спортските вредности, фер-плејот, другарството и здравиот развој на младите генерации преку спортот.

-На спортскиот турнир, присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски, кој истакна дека спортот е одлична можност младите да го развиваат својот потенцијал, да се учат на дисциплина, одговорност, правилни животни вредности и да ја насочуваат својата младешка енергија во вистински правец. Како знак на благодарност за поддршката и придонесот кон развојот и промоцијата на спортот, претседателот на ФК „Лепенец“, м-р Игор Божиновски, му врачи благодарница на Лукровски, стои во соопштението.

Реклама

Општина Карпош, како локална самоуправа е покровител на овој спортски настан.

Градоначалникот Лукровски ја посетил и црквата Св. Троица во Бардовци, каде ќе се одржи последната вечер од Карпошовото културно лето.

Вечерва настапува фолклорниот ансамбл „Етнос“, а потоа карпошани ќе уживаат во веселите звуци на незаборавните фолк пејачи, Душко Георгиевски, Миле Кузмановски и Зуица Лазова, додаваат од Општината.