Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Младинската група на КУД „Илинден“ – Битола и фолклорната групата „Преспа” од Пустец учествуваа на фестивалот „Фолкид” во Поградец

Во Дрилон, Поградец Албанија се одржа првиот детски фолклорен фестивал „Фолкид“, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Дрилон, Поградец Албанија се одржа првиот детски фолклорен фестивал „Фолкид“, на кој учествуваа и младинската група на КУД „Илинден” од Битола и фолклорната група „Преспа” од Пустец. На фестивалот учествуваа 12 детски фолклорни групи, со 200 учесници, од Албанија, Македонија и Косово претставувајќи ги пред публиката автентичните ора, традиционалните песни и народните носии карактеристични за нивните региони. 


 Преку изведбата на народни ора и песни, учесниците испратија порака за важноста од зачувувањето на националниот идентитет и културното наследство, покажувајќи дека традиционалните вредности продолжуваат да живеат и гордо да се пренесуваат на новите генерации. 
 
– На фестивалот се претставивме со сценската постановка „На ливада“ од Валентин Соклевски  и достојно ја претставивме македонската фолклорна традиција. Меѓусебната размена на традициите, културата, ора и песни придонесува за подобро запознавање и зближување на младите, изјави Филип Јаковлевски, кореограф на битолската група. 
 
Овој културен настан, според  организаторите, ќе прерасне во традиционална манифестација, со учество на групи и од други земји,  создавајќи простор за промоција на фолклорот и за зближување на децата од различни региони преку уметноста и културата.


 
-Групата „Преспа” освен со традиционалните македонски ора и песни се претстави и со ретки приказни од нашето културно наследство. Меѓу нив, Марина Трпо ја претстави плетенката на својата прабаба – вреден елемент кој внимателно се чува и се пренесува од генерација на генерација, сведочејќи за силната поврзаност на преспанските семејства со традицијата и сопствениот идентитет, велат од групата „Преспа“.
 
Девојчињата не заборавија да ги украсат своите народни носии со накит, шамии и традиционални додатоци наследени низ годините, давајќи му на својот настап посебна културна и историска вредност. 
 
Организаторите изразија задоволство од учеството и високото уметничко ниво на фолклорните групи, нагласувајќи ја важноста на ваквите иницијативи за зачувување и промоција на духовното и културното наследство.