Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Младинска обука „Млади за локален мир и учество“ во Велес

Во Велес денеска официјално ќе биде отворена младинската обука „Млади за локален…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Велес денеска официјално ќе биде отворена младинската обука „Млади за локален мир и учество“, која ќе се одржува до 22 февруари во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и со поддршка од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).

Како што информираат од ХЕРА, целта на обуката е да ги зајакне капацитетите на младите за активно учество во процесите на донесување одлуки, градење мир и демократско ангажирање на локално ниво, преку пристап базиран на неформално образование, интеркултурен дијалог и младински центриран пристап.

На учесниците ќе им се обратат Фатмир Сабриу, државен секретар при Министерството за социјална политика, демографија и млади, Владимир Ѓорѓевски, раководител на локалната канцеларија во Скопје при Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Елизабета Божиноска, програмска директорка во ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

Реклама

-Настанот е дел од програмата посветена на интеркултурниот дијалог, инклузијата и социјалната кохезија, со фокус на улогата на младите во градењето доверба и општествена кохезија, соопштија организаторите