Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Мизрахи предложи формирање регионална мрежа за индустриско наследство во рамките на ЦЕИ

Пратеничката Рашела Мизрахи учестуваше во работата на Генералниот комитет за култура на Парламентраната димензија на Централноевропската Иницијатива што се одржа на (ПД на ЦЕИ) што се одржа од 15 до 16 јуни 2026 година во Катовице, Шлезиско Војводство, Полска. Посетата на Шлезиското Војводство беше организирана на три локации Тарновски Гори, Бајтом и Катовице додека фокусот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката Рашела Мизрахи учестуваше во работата на Генералниот комитет за култура на Парламентраната димензија на Централноевропската Иницијатива што се одржа на (ПД на ЦЕИ) што се одржа од 15 до 16 јуни 2026 година во Катовице, Шлезиско Војводство, Полска.

Посетата на Шлезиското Војводство беше организирана на три локации Тарновски Гори, Бајтом и Катовице додека фокусот на состанокот беше насочен на темата: Ревитализација на пост-индустриските области во Централна Европа. На маргините на состанокот се организираа теренски посети на стари рудници, топилници и челичарници со цел да се прикаже брзиот развој на шлезискиот регион, поддржан од локалните и централните власти и финансиран од Европската Унија. Главниот акцент беше ставен на трансформацијата на пост-индустриските области во културни места и простор за заедницата во општините.

На настанот учестуваа пратеници од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешката Република, Италија, Молдавија, Македонија, Полска, Романија, Србија и Украина како и претставници на Извршниот секретаријата на ЦЕИ со седиште во Трст.

Реклама

Пратеничката Рашела Мизрахи во својата дискусија укажа дека ревитализацијата на пост-индустриските области не претставува само урбанистички и економски предизвик, туку е прашање на зачувување на културното наследство, идентитетот и колективната меморија на заедниците. Наместо овие локации да се третираат како товар, сè повеќе европски градови ги препознаваат како можност за создавање нови центри на културата, иновациите, образованието и креативните индустрии.

Таа истакна дека нашата држава не е изземена од глобалните трендови на деиндустријализацијата. Некои од старите индустриски комплекси од 19-тиот и 20-иот век се прогласени за заштитени историски споменици, додека други се уништени со урбаниот развој. За дел од оние индустриски капацитети кои беа затвори за време на процесот на приватизација имаше обиди за нивната ревитализација преку браундфилд инвестиции, како што е примерот со поранешниот текстилен гигант Македонка, кој денес е дом на бројни компании. Друг пример е железничката станица во Скопје која беше уништена со земјотресот од 1963 година а сега е музеј. Исто така техничкиот музеј Матка кој e сместен на местото на поранешната хидроцентрала е инвестиција на приватна компанија.

Во оваа насока, пратеничката Мизрахи истакна дека Централноевропската иницијатива може да биде значаен катализатор за идна соработка во оваа област. Преку размена на добри практики, поддршка од експерти и заеднички проекти и подобро искористување на европските фондови може да се креираат нови модели на

успешна трансформација на пост-индустрискиот простор. Таа предложи во рамките на ЦЕИ да се разгледа можноста за воспоставување регионална мрежа за индустриско наследство, која ќе овозможи поврзување на институциите, локалните власти, универзитетите и организациите од областа на културата. Таквата мрежа би можела да придонесе за размена на искуства, подготовка на заеднички проекти и поголема видливост на индустриското наследство на нашиот регион на европско ниво.