Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Прилози

Мизо: Само околу 40% од странските инвеститори во Mакедонија би инвестирале повторно по прв пат

Корупцијата, правната несигурност , недостатокот на квалификуван кадар и лошата инфраструктура  се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Корупцијата, правната несигурност , недостатокот на квалификуван кадар и лошата инфраструктура  се најголемите недостатоци кои ги нотираат компаниите инвеститори во Македонија   . Помалку од половина, односно само 43 отсто од странските инвеститори кои веќе инвестирале кај нас би го направиле тоа повторно по прв пат .  Податоците од анкетата „ Бизнис инвестициски индикатор “ кој ја спроведе Советот на странски инвеститори покажуваат дека 90 отсто од компаниите неможат  да најдат инженери и техничари.  

„Прво е недоволно наоѓање на едуциран кадар, кадар кој е релевантен за работа во овие компании. Дополнително има коментари поврзани со владеењето на правото, правната држава и корупцијата. Правната несигурност и честите измени на сите оние бизнис регулативи со кои ние секој ден се соочуваме во државата, рече Виктор Мизо .

Реклама

Се покажа дека  45 отсто од компаниите го зголемиле производството во одност на 2022, а 36 проценти го намалиле поради глобалните но и домашните проблеми. кај 19 отсто нема промена .

За идната година најголеми ризици се инфлацијата, неконзистентноста на економските политики, растот на цената на енергенси, корупцијата и одливот на работна сила .  Покрај тоа што немаме работници дома , тешко оди и процесот на увезување бидејќи  бирократијата е прекомлицирана .

„Процесот на обезбедување на работни дозволи е процес кој што е долготраен од аспект на време но и од аспект на бирократски потешкотии. Станува се потешко дури и странска работна сила да биде привлечена да работи тука во нашата држава, рече  Никола Љушев Совет на странски инвестиции.

Компаниите се соочиле и со проблеми за добивање на државна помош . Две третини од анкетираните сметаат дека правилата за државна помош се пресложени, а кај дел имало проблем со исплатата.  Три четвртини сметаат дека е потребна и дополнителна финансиска поддршка . Согласно на ваквите податоци, не е чудно што  само  39 проценти  имаат нова инвестиција во Македонија.

Според анкетата недостига дијалог  меѓу бизнисот и власта . Инаку,  анкетата беше спроведена во периодот од  20 ноември до 12 декември кај инвеститорите кои вработуваат 38.000 граѓани и во минатава година направиле обрт од 7,7 милијарди евра.