Двојни аршини од Обвинителството за организиран криминал и корупција – за обични смртници притворски мерки и за помали кривични дела, за судии фатени со мито, одземање на пасош. Адвокатот Јанаки Митровски остро реагира по одлуката в.д. претседателот на гостиварскиот суд да помине со мерки на претпазливост и само да остане без пасош откако беше фатен „ин флагранти“ како прима поткуп за да влијае во граѓански спор. Иако секој предмет е засебен, објаснува адвокатот, сепак има бројни ситуации во последниот период со повластен третман кога се работи за високо профилирани случаи.
- „Последниот, нели, прво со апелациониот судија Ѓоко Ристов, каде што обвинителството бараше куќен притвор. Потоа имате предмет, скандалозниот предмет каде што ја затворија истрагата за мазутот за сто и шеесет милиони евра истрага, каде што исто така имаше чудно однесување ОЈО ГОК уште на самиот почеток со предлагање на куќен притвор и гаранција што со закон е неспојливо и сето тоа да кулминира со барањето, внимавајте, само мерки на претпазливост за претседателот на Гостиварскиот суд кој што беше ин флагранти фатен во недозволени, во обиди за недозволени влијанија. Зашто е прашање за ОЈО ГОК и за нивниот шеф Ислам Абази, но мислам дека, мислам дека не е тешко да се претпостави зашто и дека тоа е и не баш возможно без одреден тип на влијание и кога ќе кажам влијание, ова го потенцирам, не мислам само, не мислам исклучиво или само на финансиско влијание, но во овој тип на предмети се гледа, се гледа сосема поинаков аршин од оние редовни предмети кои што ги работат“ вели Јанаки Митровски – адвокат..
Наместо со строга казна да се исчисти корупцијата во правосудните редови, Обвинителството ги охрабрува судиите и обвинителите да се решат на ваков чекор бидејќи и да бидат фатени гледат простор да се спогодат за мала казна.
- „Казната секогаш е во рамки на закон и би било скандалозно да не биде во рамки на оние предвидени со закон, но дека овие луѓе добиваат во изминативе години повластен третман од страна на Обвинителството за организиран криминал, тоа е ноторен факт. Сите овие предмети кои што вие ги, ги споменавте или завршија без притвор, или можеби и тоа е и коренот на проблемот затоа што ги охрабрува оние многу мал дел на судии и обвинители кои што се можеби коруптивни да размислуваат на начин што не дури и да бидат и фатени во кривично дело, едноставно ќе се провлечат низ системот, а во сето тоа во овој случај, ова најодговорно го тврдам и тоа се гледа, им потпомага и организиран криминал, односно Обвинителството за организиран криминал и корупција со ваков тип на повластен третман. Ви тврдам дека да се работи за обични смртници со гаранција би барале притвор, што и јас го гледам во секојдневни предмети.притворот беше многу краткотраен, или казнетите беа према законски минимум со можност да се отслужуваат во отворено одделение, односно беа до три години. Така да мислам дека е евидентно дека ОЈО ГОК постапува, постапува повластено наспрема овој тип на лица и можеби и тоа е и коренот на проблемот затоа што ги охрабрува оние многу мал дел на судии и обвинители кои што се можеби коруптивни да размислуваат на начин што не дури и да бидат и фатени во кривично дело, едноставно ќе се провлечат низ системот, а во сето тоа во овој случај, ова најодговорно го тврдам и тоа се гледа, им потпомага и организиран криминал, односно Обвинителството за организиран криминал и корупција со ваков тип на повластен третман. Ви тврдам дека да се работи за обични смртници со гаранција би барале притвор, што и јас го гледам во секојдневни предмети“ вели Јанаки Митровски – адвокат.
Судскиот совет времено го оддалечи од вршење на судиска функција ВД претседателот на Основен суд Гостивар, Елјеса Алији кој е осомничен за примање на мито од 8000 евра. Тој заедно со судски администратор кои се гонат дека се обиделе да интервенираат кај судии во граѓански спор. Двајцата добија мерки на претпазливост.

Во 2024 година врховниот судија Наќе Ѓеоргиев беше фатен како прима мито од 10.000 евра и беше осуден на казна затвор од 3 години, но тој за два месеци излегува на слобода по одлука на Апелација. Во меѓувреме Кривичен го прифати обвинителниот акт за апелациониот судија Ѓоко Ристов кој се гони за противправно стекнување и прикривање на имот, како и перење на пари откако во куќа не неговите родители беа пронајдени соѕидани 350 илјади евра.
