Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Поголема флексибилност, за подобри резултати на работните места. Невладиниот сектор иницира промени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поголема флексибилност, за подобри резултати на работните места. Невладиниот сектор иницира промени во работниот процес во компаниите со цел поефикасно да се усогласи професионалниот со приватниот живот. По теркот на дел од светските компании, предлагаат работодавачите да бидат пофлексибилни и да излегуваат во пресрет на приватните обврски на работниците. На пример, со платени слободни денови за новите татковци, кога родител треба итно да однесе дете на лекар, или пак да се помогне на член на семејството кој самостојно не може да се грижи за себе. Ваквиот пристап според нив би помогнал работниците да се задржат, да добијат подобри можности за работа и планирање на семејниот живот:

„Значи не флексибилност за вработените повеќе да се експлоатираат туку флексибилност којашто ќе им даде можност на вработените да се грижат и за семејството да не мора да остуствуваат од работа. Тоа во пракса го намалува отсуството од работа и го намалува бројот на боледувања. Им овозмужва на луѓето да планираат да имаат повеќе деца ако знаат дека работодавачот ја дава таа флексибилност“, изјави Никица Кусиникова, извршен директор на Здружението „конект“

Она што е добро е што дел од комапниите веќе ги применуваат ваквите трендови. Граѓанските организации сепак велат дека предизвиците се уште се големи и допрва ќе се чувствуваат притисоците родово-одговорните политки да станат индустриски стандард.

Реклама

„Имаме компании коишто на пример за татковците кога ќе станат татковци овозможуваат дополнителни денови отсуство на сметка на компанијата да може да се грижат за новороденчето заедно со мајката. Или пак имаме компании коишто нудат услуги за семејствата на вработените, финансиски, курсеви за децата, поддршка во грижата за децата и за семејството, и на тој начин креираат работна средина во којашто вработените сакаат да бидат.“

Промената на застарените стандарди на функционирање на работниот процес според граѓанските организации е неминовност. Дека тоа е можно и остварливо велат дека се покажало со Ковид кризата по која дел од методите на работење драстично се променија.