Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Митева: Вчера во Македонија починале 10 пати повеќе луѓе на еден милион жители од повеќето земји во регионот, Филипче оставка веднаш!

Венко Филипче, ниту пи-ар агенцијата нема идеја како да ги оправда твоите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче, ниту пи-ар агенцијата нема идеја како да ги оправда твоите погрешни политики. Театрални настапи не поминуваат, прес конференции веќе нема, сведен си на статистички статуси зад кои ја криеш неспособноста, истакна Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

-Епидемијата добива драматични размери. Бројката на ифицирани достигнува 30% од тестирните лица, а бројката на починати е алармантна,  22 починати лица во едно деноноќие. Сочувство до семејствата. Очигледно е дека имате огромни неуспеси на проценка и неправилна активност. Македонија има најголем број на починати на еден милион жители во регионот. Само за споредба, во Грција вчера починале 10 лица, или 1 на 1 милион жители, додека во Албанија починале 4 лица или 1 на 1 милион жители. Само кај нас Венко ние имаме 11 починати на 1 милион жители. Ова е алармантно. Ова е знак на тотален дебакл и хаос. Филипче, ти го водиш здравството во пропаст, истакна таа.

Митева порача дека ротацијата на кадар на инфективните одделенија од сите здравствени установи е мерка која што требаше да биде направена уште во март.

Реклама

-Во изминатиот период гледавме како медицинскиот персонал го напушта здравствениот систем. Требаше да го искористите летниот период за зголемување на болничките капацитети. Но, ништо од ова не е направено. Секој еден граѓанин сега ја разбира вашата политичка потреба од воведување вонредна состојба на тогаш, педесетина заболени. А денес, на вака масовен и брз развој на вирусот, суспектните лица на КОВИД-19 чекаат пет дена за тестирање затоа што нема термин, нема капацитет и нема алгоритам. 1125 тестови вчера се направени во приватните лаборатории кои граѓаните сами ги платиле. Кризата ги разоткри нееднаквостите и неправдите кои ги правите. Во дадениот предлог закон нема ниедна конкретна мерки за борба против пандемијата. Но, на СДСМ и треба изговор, и треба виновник за црните рекорди. Морам да напоменам дека на ова ниво на загрозеност од пандемијата, Македонија за жал има една од најголемите стапки на смртност по однос на еден милион жители во Европа. Затоа, сметаме дека мора да реагирате посериозно, мора некој за сегашната ситуација да понесе одговорност и мора постручни лица да ги заземат местата на оние членови на Комисијата. Венко Филипче ОСТАВКА! Толку е пресот, порача таа.