Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Митева: Оставката е повеќе од очекувана и неминовна за министерката Мила Царовска

Министерке, давате изјави во кои стартот на учебната година го оценувате како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерке, давате изјави во кои стартот на учебната година го оценувате како успешен. Жално е “добивањето лозинки” да го потенцирате како успех од невидени размери во дигитализацијата. А срамно, што се тоа го кажувате со насмевка на лицето, истакна на денешната прес-конференција Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Имате повеќе од 80 илјади ученици кои немаат услови за следење на онлајн настава, а вие им нудите 15-минутни видеа од наставните часови пред малите екрани на националниот сервис. Велите, во овој момент тоа е единственото решение. Не, тоа е само оправдување!

Имате бојкот на онлајн наставата во повеќе од 7 градови, старите и руинирани училишни објекти се поле за истражување, платформата ви е нефункционална, еве вчера и официјалната страна на Министерството беше нефункционална!

Реклама

Непотребно не убедувате, велите во НАЈГОЛЕМ ДЕЛ од училиштата во државата е започната онлајн наставата. А што е со останатите кои воопшто не започнаа?
Не сме изненадени! Факт е дека следи уште едно оправдување, за кое повторно ќе кажете: “Учебната година започна организирано, предизвиците ќе се надминат”.

Еве уште еден пример, целодневна настава се уште нема, а вие велитe: организацијата на целодневната настава е во надлежност на училиштата, не на Министерството за образование.

Почитувана министерке, за секој еден проблем ја префрлувате вината, барате трпение и разбирање. Имате ли критериум и план како понатаму? Доколку не, чесно и доблесно е да признаете дека оставката е повеќе од очекувана и неминовна!, порача Митева.