Реклама

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Македонија

Митева до Жерновски: Не сте воопшто информиран за случувањата со владиниот авион, се е согласно правилникот, нема ниту една злоупотреба

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на гостувањето на една од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на гостувањето на една од националните телевизии дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за пласирањето невистинити и манипулации од страна на СДСМ за користењето на владиниот авион, потенцирајќи дека користењето било согласно правилникот за работа на Владата и дека нема злоупотреба на државниот воздухоплов. Притоа нагласувајќи дека Владата се залага за политики кои обезбедуваат стабилност, предвидливост и економски напредок.

„СДСМ се служат со манипулации со невистинити во јавноста, со расфрлање на пердуви кои што не носат апсолутно ништо. Ако ја изгледал прес-конференцијата ќе знаел кои се причините, зошто и како е користен владиниот авион, дека истиот е согласно правилник за работа на Владата. Така да тоа се сите многу големи невистини кои постојано ги слушаме од СДС, можеме да ги видиме на дневните прес-конференции, но јавноста е доволно мудра за да заклучи зошто Владата носи определени политики, се залага за една политика која што значи предвидливост, стабилност за државата, економски напредок и ќе продолжиме во таа насока, а се надевам дека опозицијата вистински ќе се реформира. Апсолутно можам да кажам дека нема ниту една злоупотреба на користење на државниот воздухоплов“, рече Митева.

Митева во емисијата упати остра критика до Андреј Жерновски за молкот од страна на опозицијата, во однос на случајот со запленетата марихуана, нагласувајќи дека токму одговорите за тоа кој е сопственикот и која е фирмата треба да се дадат од нивна страна.

Реклама

„Одговори многу даваме, но некако од вашата страна го слушаме молкот, до каде водат тие 5, не 7, туку 40 тони марихуана, кој е сопственикот, која е фирмата, чиј претседател на општински одбор бил и така натаму, одговорите некако треба да дојдат од другата страна затоа што кога ќе се отворат многу прашања кои што во минатото ја создале таа матна вода, а вие некако денес во таа матна вода пробувате да ловите, не успева таа тактика, мора да бидеме концизни и конкретни кога ги кажуваме работите, има факти, има институции, има податоци коишто со текот на времето се повеќе и повеќе излегуваат на површина“, вели Митева.