Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Митески: За прв пат во општина Аеродром во исто време се градат основно училиште, градинка и спортска сала, нешто што до сега не се случило

Во изминатиот период, како општина сработивме многу проекти, особено во развој на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во изминатиот период, како општина сработивме многу проекти, особено во развој на инфраструктурата и за прв пат во исто време во Аеродром во еден период градиме и основно училиште, детска градинка и спортска сала. Нешто што претходно не се случило во општина Аеродром, рече актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Аеродром, Дејан Митески.

„Морам да напомнам во претходниот мандат, три години имавме централна власт од СДСМ, којашто ни беше апсолутен кочничар во реализација на голем број на проекти и четири години власт на Данела Арсовска во Градот Скопје, од каде добивме нула поддршка во реализација на клучни инфраструктурни проекти кои се во надлежност на градот“, рече Митески.

И покрај овие блокади и несоработка, Митески потенцираше дека изминатиот период интензивно се работеше и почнаа да се реализираат многу инфраструктурни проекти, а многу и се завршија.

Реклама

Во гостувањето се зборуваше и за состојбата со која се соочува градот Скопје која ја предизвика Комунална хигиена со насобирањето на сметот.

„За жал, сега пред избори, имавме криза со насобирање на отпадот од страна на Комунална хигиена којашто траеше повеќе од 10 дена во делот на Аеродром и повеќе од три недели во делот Лисиче, од каде што од индивидуалните домаќинства не се собираше отпадот. Комунална хигиена е единственото надлежно претпријатие којшто е должно да го транспортира ѓубрето, зошто ние како граѓани плаќаме кон нив. Јас бев првиот градоначалник и единствениот најверојатно, којшто поднесе кривична пријава против директорот на Комунална хигиена и денес ја гледам реакцијата на Обвинителството и на министерството за внатрешни работи. Се преземаат интензивни мерки се со цел спречување, понатамошно постапување, зошто одговорноста мора да има име и конечно во Македонија да сфатиме дека кога преземаме јавна функција, преземаме и одговорност да ги исполниме нашите обврски кон граѓаните, за што сме платени од нив“, истакна Митески.