Реклама

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Македонија

Митески: Предвидуваме изградба на гасна когенеративна централа, зајакнување на инспекциските служби, дежурна линија и тимови за интервентно чистење на диви депонии

Дејан Митески, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ. Митески зборуваше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дејан Митески, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ. Митески зборуваше на темата за загадувањето при што истакна дека е еден комплексен проблем. Како што вели тој, ВМРО-ДПМНЕ  има изработено програма со цел да се реши проблемот со загадувањето, меѓутоа, кога станува збор за депонијата Вардариште, потребна ќе биде и поддршката од Град Скопје, за да се реши проблемот со истата. Во делот на чистотата, Митески истакна дека во план е да се зајакнат и инспекциските служби околу ова прашање, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

,,Претпоставувам дека сме единствената политичка партија која што има програма изработено. Предвидуваме решавање на еден аспект од загадувањето со изградба на топлификациона мрежа, проект со Владата на Република Македонија за изградба на гасна когенеративна централа и развој на 110км топловодна мрежа во населба Лисиче, Горно Лисиче, Долно Лисиче. Ќе отстраниме во наредниот период еден дел од причините за загадувањето“, рече Митески.

Митески се осврна и на делот за сообраќајот и истакна дека предвидена е изградба на нова сообраќајна инфраструктура, а зборуваше и за депонијата Вардариште, при што посочи дека ќе им биде потребна поддршка од идниот градоначалник на Град Скопје во процесот на решавање на проблемот со депонијата.

Реклама

,,Предвидуваме изградба на нова сообраќајна инфраструктура, нови поврзувања кои што ќе го олеснат сообраќајот и ќе го намалиме делот на загадувањето од возила кое што се предизвикува“, кажа Митески и додаде:

,,Предвидуваме решавање на депонија Вардариште, заедно со градоначалникот на Град Скопје, имајќи предвид дека ни е неопходна поддршката од Град Скопје, за да можеме да конечно ја исчистиме таа депонија. Да изградиме еден нов парк и таа депонија да остане минато, а новиот парк да биде симбол на тоа дека ги слушаме граѓаните, се бориме заедно со нив и предвидуваме односно имплементираме решение“.

Митески додаде дека постојано се чисти и дневно повеќе од 10 тони отпад се депонираат во депонијата Дрисла, а капацитетите ќе се зајакнат со цел да не се создаваат диви депонии на лице место.

,,Ќе продолжиме со ист интензитет уште посилно, ќе ги зајакнеме инспекциските служби, се со цел да не создаваат диви депонии на лице место. Ќе се отвори дежурна линија за пријавување на диви депонии и формирање на тимови за интервентно чистење на диви депонии кои што се создаваат секојдневно. И покрај тоа што денеска чистиме повторно се создаваат од причина што ЈП Комунална хигиена Скопје не го собира отпадот онака како што треба. Мораме да ангажираме дополнителна механизација. нешто што не е наша примарна надлежност, меѓутоа како Општина не смееме да оставиме да бидат преполни тие контејнери“, заклучи  Митески.