Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Митески: Паметен пристап до паркирањето, практично, економично и безбедно решение за Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, најави конкретно и реално решение за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, најави конкретно и реално решение за еден од најчестите проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните – недостатокот на паркинг места и хаосот во сообраќајот. Наместо нереални ветувања за катни гаражи кои бараат години и милионски буџети, општината се насочува кон брзо и практично решение, воведување еднонасочни улици со обележани ленти за паркирање, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не можеме да изградиме катна гаража за шест месеци, но можеме за шест месеци да обезбедиме до 800 нови паркинг места“, истакна Митески, додавајќи дека ова решение се базира на користење на постојната инфраструктура, без дополнителни големи трошоци.

Оваа стратегија носи три големи придобивки за жителите на Аеродром:

Реклама

Прво, значително се зголемува бројот на достапни паркинг места во густо населените зони, со рационално искористување на секој метар улица.

Второ, создава можност за воведување велосипедски патеки на делови каде што ширината тоа го дозволува, поттикнувајќи здрави и еколошки навики.

И трето, самата организација на еднонасочните улици природно го намалува брзото движење на возилата, придонесувајќи кон побезбедно и покултурно сообраќајно однесување.

„Со новиот сообраќаен режим, улиците ќе станат поуредени, побезбедни и попрактични. Наместо да вложуваме време и средства во невозможни проекти, се фокусираме на решенија што граѓаните ќе ги почувствуваат веднаш“, порача градоначалникот.

Со оваа иницијатива, Општина Аеродром покажува дека вистинското лидерство не значи само да се ветуваат големи проекти, туку да се реализираат паметни и остварливи решенија кои носат непосредна корист. Новиот режим на сообраќај ќе почне да се применува постепено во најоптоварените делови од општината, со цел да се обезбеди ред, безбедност и подобар квалитет на секојдневниот живот за сите жители.