Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Митески: Нови паркинг места и изградба на нова спортска сала во Аеродром

„Во интерес на граѓаните, ќе реализираме капитални проекти. Многу скоро, после вториот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Во интерес на граѓаните, ќе реализираме капитални проекти. Многу скоро, после вториот круг на избори, почнуваме со првото кино и театар во Аеродром, веќе имаме потпишан договор, издадено одобрение за градење и за многу скоро ќе почнеме и со фактичка реализација на лице место“, вели Митески, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, пишува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Митески истакна дел од капиталните проекти кои се предвидени да се реализираат во општина Аеродром, во интерес на граѓаните и со цел да се обезбедат подобри услуги и услови за живот.

„Изработка на сообраќаен проект за решавање на сообраќајниот хаос во Стар Аеродром и Мичурин за систем за еднонасочни улици и воведување на дополнителни паркинг места на постоечката инфраструктура којашто постои во тој дел на општината. Изградба на нова спортска сала во делот позади ФФМ, веќе е распишан тендер од страна на Министерството за спорт, и конечно да го оплемениме тој простор. Покрај спортска сала, предвидени се и отворени спортски терени. Во првата година од мандатот ќе започнеме со изградба на нова градинка, Пчелка 1 во населба Лисиче, се со цел да обезбедиме подобри услуги за граѓаните“, истакна Митески.