Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Мисајловски: За модернизацијата на Армијата издвојуваме повеќе средства отколку што НАТО бара од нас

Министерството за одбрана издвојува повеќе од 32 отсто од буџетот за модернизација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за одбрана издвојува повеќе од 32 отсто од буџетот за модернизација на Армијата што е многу повеќе од 20 проценти колку што бара НАТО, истакна денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски присуствував на вежбата „Seven Stars 25“ која се реализираше во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес каде се наоѓа командата на СЕЕБРИГ.

„Имаме повеќе договори за модернизација. Работиме да ги привршиме договорите за пристигнување на „страјкерите“ и се надеваме дека ќе стигнат до крајот на годинава каков што е договорот. Исто така, и другите возилата „JLTL“ коишто треба да стигнат оваа година согласно договор со САД. Оваа година завршува договорот со Турција и треба да стигне се она што е предвидено со нивниот договор, стигнуваат и ракетите „мистрал“, хаубици „боран“ од  Турција,“ изјави Мисајловски во одговор на новинарско прашање.

Нагласи дека се прават напори да се реализира и договорот со „Леонардо“ за набавка на хеликоптери за кој има големи предизвици.

Реклама

„Макотрпно работиме и ни помага компанија која можеби е еден од најдобрите правни консултанти во Европа за да ги надминеме сите правни предизвици што се случиле во минатото. Направени се многу грешки и договорот е потпишан набрзина. Правиме напори да ги отстраниме сите предизвици и хеликоптерите да стигнат следната година,“ потенцира Мисајловски.

Паралелно, како што кажа, се издвојуваат и најмногу средства за обновување на објекти во касарните, за обновување на објекти што се во подрачните единици, бидејќи има некои што се катастрофални.

„Во овој момент дел ги обновуваме, за дел бараме и нови локации, бидејќи на тој начин мора да ги подобриме условите на вработените. Започнуваме и постапки за обнова на униформите, обнова на она што е потребно за сите војници, за Армијата, нови чизми и гардиска униформа. Министерството целосно ќе обезбеди средства за се она што е потребно. После многу години не набавки на ваква основна опрема на Армијата тоа сега се случува. Не може во десет месеци се да се направи, но секојдневно ќе работиме сите заеднички за да ги подобриме условите,“ истакна Мисајловски.

Потсети дека Министерството во целост ги исплаќа средствата согласно колективниот договор и додаде дека за тоа се трошат многу сериозни пари од буџетот.

-Првпат во историја се исплаќа се, посочи Мисајловски.

Министерот, кој присуствуваше на вежбата „Seven Stars 25“ во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, посочи дека развојот на интероперабилноста помеѓу земјите кои се дел од Бригадата на Југоисточна Европа, кои воедно и се земји-членки на НАТО, влијае врз зацврстувањето на безбедноста на регионот и колективната безбедност во Алијансата.

Мисајловски им честиташе на Командата на SEEBRIG и на сите учесници на вежбата за покажаниот врвен професионализам и високи стандарди во организација на една ваква комплексна вежба.

Теренската вежба ќе се одржи на Армискиот полигон Криволак.