Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Мисајловски во Тирана: Успехот на САД – Јадранската повелба е доказ за заедничката посветеност

Дискусиите на овој министерски состанок на САД – Јадранската повелба се доказ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дискусиите на овој министерски состанок на САД – Јадранската повелба се доказ за нашата силна посветеност во унапредувањето на безбедносната соработка и промовирањето на мир, стабилност и добрососедски односи во нашиот регион“, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски кој денеска учествува на министерскиот состанок на САД – Јадранската повелба во Тирана.

Министерот на работните сесии на состанокот порача дека од најголема важност за зацврстувањето на регионалната безбедност и стабилност е политичко-воената соработка на земјите од Балканот и посветеноста на земјите од Југоисточна Европа кон европските и евроатлантските интегративни процеси. Соработката во рамките на групата А5, рече Мисајловски, е практична и испраќа јасна порака дека нашите народи сакаат да живеат во мир, безбедност и стабилност. САД – Јадранската повелба ја нарече успешен форум за консултации помеѓу земји со заеднички демократски вредности.

Мисајловски повика на прагматичност во однос на можностите за заеднички активности, особено во справувањето со хибридните и сајбер закани, кризниот менаџмент и справувањето со разни природни непогоди. Во однос на идните активности, министерот посочи дека земјите-членки треба да продолжат со напорите за идентификување на нови можности за соработка, споменувајќи ги областите како градење на отпорност и сајбер одбрана.

Реклама

Исполнувањето на Акцискиот план на САД – Јадранската повелба за 2024 година во една комплексна безбедносна состојба, рече, ја рефлектира нашата одлучност во проширувањето на опсегот на заедничката соработка.

Министерот Мисајловски заедно со останатите претставници од земјите членки на А5 потпишаа заедничка изјава по состанокот.

На маргините на министерскиот состанок, министерот Мисајловски попладнево ќе има одвоени средби со неговиот албански колега, министерот Пиро Венгу и со помошничката секретар за одбрана на САД за меѓународни безбедносни прашања, Селест Валандер.

САД – Јадранската повелба е основана со Повелбата за партнерство помеѓу нашата земја, САД, Албанија и Хрватска во 2003 година. Во форматот А-5 постои од 2009 година кога кон Повелбата се приклучуваат и Црна Гора и Босна и Херцеговина. Земји-набљудувачи на А-5 се Словенија, Косово и Србија. Целта на оваа иницијатива е заеднички и координиран пристап кон исполнување на критериумите и стандардите на НАТО, унапредување на соработката во Југоисточна Европа и зацврстување на мирот, демократијата, стабилноста во регионот.

https://www.facebook.com/misajlovskivlado/posts/1113195630180177?ref=embed_post