Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Мисајловски – Хејбет: Македонско – турската одбранбена соработка пример за силно сојузништво

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска (27 март) во Министерството се сретна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска (27 март) во Министерството се сретна со заменик-министерот за одбрана на Турција, Муса Хејбет кому му се заблагодари за медицинската помош од страна на пријателска Турција во згрижувањето на дел од повредените во трагедијата во Кочани.

„Нашите две земји се исклучително блиски повеќе декади и тоа го гледаме на дело. Голема благодарност од целиот македонски народ за вашата несебична поддршка во згрижувањето на дел од повредените во пожарот во Кочани. Ако пријателите се покажуваат во мака, и двете земји покажаа дека стојат една зад друга секогаш кога има потреба за тоа,“ рече министерот на средбата.

Во контекст на одбранбената соработка, Мисајловски порача дека таа е пример за тоа како сојузниците соработуваат и се поддржуваат меѓусебно.

Реклама

„Македонската Армија се модернизира и опремува и со опрема произведена во сојузничка Турција, што покажува дека таа е согласно највисоките стандарди на Алијансата и дека имаме апсолутна доверба во турската воена индустрија,“ порача министерот.

Годинава се очекува во арсеналот на Армијата да пристигнат артилериските хаубици „Боран“ како и системот за контрола на оган за артилериски орудија од фирмата „Аселсан“.

Турција е еден од најголемите поддржувачи на развојот на капацитетите на македонската Армија – преку донации во различни видови на возила, оружје и муниција, како и информатичка и комуникациска опрема. Во Турција, на реномираниот Универзитет за национална одбрана школувани се над 60 македонски офицери, подофицери и професионални војници, а околу 700 службеници во одбраната и припадници на Армијата завршиле обуки во центрите за обука во Анкара. Преку Договорот за воено-финансиска поддршка, Турција продолжува да го поддржува развојот на македонската одбрана во годините кои следат.