Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Мирен изборен ден во западна Македонија

Во попладневните часови Струга бележи далеку помала излезност во однос на Кичево…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во попладневните часови Струга бележи далеку помала излезност во однос на Кичево и помалата општина Дебрца. Според последните информации од општинската изборна комисија, до 13. часот во Струга за идниот гратски татко гласале 16,77%  проценти од вкупно евидентираните граѓани, што е за 5 % проценти помала  излезност во однос на првиот круг со  21,65% излезност. Граѓаните од утринските часови излегуваат на гласање, закружувајќи го оној кандидат за градоначалник на Струга на кого ќе му ја дадат довербата да го води градот во наредните 4 години.

-Да се дислоцира депонијата, тоа е еден од главните проблеми,проблеми со водоводот иако имаме вода од секаде. Инфраструктурно уредување, повеќе паркови и зеленило,тоа да може подобро да се уреди. И знаете за младите, што помалку коцкарници, повеќе да има игралишта.

-Вода има малку, патиштата се пусто,т ротоарите се срушени

Реклама

-Најповеќе ѓубриштето.

-Убо е бе убо е,кој сака нека е

До општинската изборна комисија на Струга нема реакции за непреавилности или нарушувања на јавниот ред. Во финишот на изборната кампања во вториот круг се случи инцидент кога во едно училиште се степаа двајца активисти.Инаку како одминува времето за гласање,во попладневните часови полека се зголемува фреквенцијата на гласачките места.

-Гласењето се одвива апсолутно во ред, никаков проблем немаме.Дали излезноста е иста, послаба или подобра во однос на првиот круг?Можа, да кажам дека е иста, изјави Билјана Мојсоска од избирачкото место 1848 во Струга.

-До сега нема проблеми никакви, излезноста е мала слаба уште е рано.Излезноста во однос на претходниот круг е слична, тука е некаде, изјави Славе Ѓинковски од избирачкото место 0732 во Кичево

Кичевчани имаат свои очекувања од идниот градоначалник.

-Важно поминавме на редот,а што ќе биде како ќе биде очекувањата и до сега не се исполнија може и од сега нема да се исполнат .За наредните 4 години подобро очекуваме,да се среди малку градот. Претежно кучињата и ѓубрето

Во Кичево  до 13 частот излегле 28,25 % од евидентираните гласачи. Таму за гласање беа пријавени најмногу болни и изнемоштени лица– 823, а гласале 793.

До сега, денот поминува мирно и без инциденти и во Дебрца. За потсетување таму пред да стапи на сила изборниот милк полицијата приведе две лица од Волино за давање на изборен поткуп и две тетратки со списоци од лица поделени по населени места во Општина Дебрца. Инаку таму излезноста до 13 часот е 26,54% што е речиси идентично како и во првиот круг.