Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Министерството за култура ги прифати предлозите за вклученост на лицата со попреченост во новата Национална стратегија за развој на културата

На последната јавна расправа за Националната стратегија за развој на културата 2026…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На последната јавна расправа за Националната стратегија за развој на културата 2026 – 2030 и Акцискиот план, официјално беа претставени и дел од мерките за инклузија и пристапност предложени од страна на претставничката на „Абилитист (Abilitist)“, Елизабета Јовановска – експерт за пристапност и добитничка на светска награда за иновативни решенија за отстранување на бариерите за лицата со попреченост.

Министерството за култура и туризам, според Јовановска, ги прифати клучните предлози и ги интегрираше во официјалната Национална стратегија и Акцискиот план, со што првпат системски се решава прашањето за пристапноста и активното учество на лицата со попреченост во културниот живот. Примената, усвојувањето и спроведувањето, рече, е во согласност со насоките и начелата на Меѓународната конвенција за правата на лицата со попреченост.

– Сакам да се заблагодарам на министерот Љутков и целиот тим на Министерството затоа што ги прифатија нашите предлози за инклузивност во културата. На светско ниво има 16 отсто лица со попреченост, а скоро толкава е и бројката во Македонија. Тоа значи дека околу 200.000 лица во моментот се оневозможени да посетуваат театар, кино, изложба или културен настан поради непристапноста. Имплементацијата на нашите предлози е потребна, затоа што културата не нè разединува – туку нè обединува. Доколку сите предлози се имплементираат, Министерството за култура ќе биде првото министерство коешто ќе направи системски промени за еднаков пристап на сите граѓани – истакна Јовановска на јавната расправа.

Реклама

Примената, вели, ќе значи и отворање на цел еден нов правец – „инклузивна уметност (Inclusive Art)“, којшто во светот веќе постои и што ќе овозможи меѓународни размени, поконкурентни и поиновативни проекти.

Како што Јовановска изјави, меѓу прифатените предлози се: интеграција на лицата со попреченост како активни креатори и учесници во културата, развој на инклузивни културни програми, поставување пристапни рампи и сигнализација, воведување алатки за следење на културни содржини, поддршка за програми и проекти на лица со попреченост, меѓународни размени и практики на „инклузивната уметност“, како и вклучување на инклузијата како составен дел од културниот туризам.

– Преку инклузивниот дел ќе бидат поддржани уметници со попреченост, пристапни изложби, театарски претстави, фестивали, музички настани, културни тури и дигитални содржини достапни за сите граѓани – додаде таа.

Од „Абилитист“ посочуваат дека ова претставува „историски чекор за културниот сектор во Македонија“ и основа за создавање на современ, европски и инклузивен културен систем во којшто лицата со попреченост ќе имаат еднаков пристап, нема да бидат само публика, туку и активни создавачи на културниот живот.