Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Министерство за здравство: Случајот со пациентката од Струмица ќе биде темелно испитан, јавноста ќе биде навремено информирана за сите наоди

Во врска со случајот што во последните дена е предмет на јавен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во врска со случајот што во последните дена е предмет на јавен интерес, а се однесува на третманот на пациентка, Министерството за здравство информира дека, по налог на министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува вонреден инспекциски надзор во сите три здравствени установи во кои била третирана и тоа Општа болница Струмица, Клиничка болница Штип и Универзитетска клиника за неврологија Скопје, информира Министерството за здравство во соопштение.

Во наредните денови се очекува ДСЗИ да ги комплетира надзорите и да ја прибере целокупната медицинска документација од трите здравствени установи. Врз основа на целосно утврдената фактичка состојба, ќе следат заклучоците од стручниот надзор, и доколку е потребно, понатамошни дејствија.

Министерството за здравство посебно потенцира дека почитувањето на правото на пациентката на достоинство, приватност и заштита на личните и медицинските податоци е неприкосновено во текот на целата постапка. Секој пациент има законско право на безбедна, квалитетна и правовремена здравствена заштита, како и право на целосна и разбирлива информација за сопствената здравствена состојба. Министерството ќе се погрижи овие права целосно да бидат почитувани — како во текот на инспекцискиот надзор, така и во натамошната комуникација со пациентката и нејзиното семејство.
Министерството за здравство уверува дека случајот ќе биде разгледан темелно, професионално и до крај. Ниту еден аспект нема да биде изоставен, а доколку се утврдат пропусти, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно надлежностите и важечките законски прописи.

Реклама

Ја повикуваме јавноста на воздржаност додека траат постапките и апелираме да не се изнесуваат предвремени заклучоци, шпекулации или лични податоци што би можеле дополнително да ги вознемират пациентката и нејзиното семејство.

Министерството истовремено апелира на јавноста и медиумите за коректност и заштита на достоинството на здравствените работници вклучени во случајот, чија евентуална одговорност ќе биде утврдена единствено врз основа на резултатите од стручниот надзор, а не преку јавно осудување пред нивно завршување.

По завршувањето на надзорите и разгледувањето на сите наоди, Министерството навремено и транспарентно ќе ја информира јавноста за утврдените факти и за натамошните чекори.

Заштитата на пациентите, почитувањето на нивното достоинство и целосното утврдување на фактичката состојба остануваат највисок приоритет на Министерството за здравство.