Реклама

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Прилози

Mинистерство за здравство иницира вонреден и стручен надзор за починатото бебе на ГАК

Вонреден инспекциски надзор иницирал министерот Алиу, по смртта на новороденчето на Клиника.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вонреден инспекциски надзор иницирал министерот Алиу, по смртта на новороденчето на Клиника. По информациите објавени во јавноста дека новороденчето починало на 1ви Октомври, а на родителите им било пренесено дека смртта не можела воопшто да се спречи, се појави сомнеж дали станува збор за лекарска грешка.  Министертсвото и  државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе го расветлуваат случајот.

Потенцираме дека Министерството за здравство заедно со инспекторатот ќе постапат професионално, стручно и транспарентно, со цел точно и објективно информирање на јавноста за околностите во овој случај, како и за преземените активности од стручен аспект. Во овие тешки моменти за семејството, замолуваме да се почекаат наодите од надзорите и да се добие обдукцискиот наод, кој е единствен и конечен за утврдување на причините за смртен исход, со цел до добивање на конечните резултати да не се создава немир кај семејството и во јавноста.“ – велат од Министерството за здравство.

Според објавата во „Слободен печат“ документите покажувале  дека внатре во болницата, самата началничка на одделот за интензивна нега, ја пријавила педијатарката од одделот, дека нејзиното несоодветно лекување предизвикало компликации од кои умрело бебето.

Реклама

ОД ГАК велат дека наводите кои упатуваат на лекарска грешка се шпекулативни, и дека според законски пропишаниот протокол кој следи во случај на смрт на новороденче предвидува разгледување на случајот од страна на комисија, која пак не утврдила пропуст во третманот на бебето.

Следниот чекор е законски пропишана обдукција која во овој случај не е сеуште готова, па согласно тоа не може да се дојде до финален заклучок дали постоело или не пропуст во лекувањето на новороденчето. Обдукциониот наод е единствен и конечен во проценката дали или не постоела грешка при лекувањето на било кој пациент, а истото важи и за овој конкретен случајЈа разбираме потребата за сензационализам на сметка за човечката трагедија воден од потребата за читаност, но таа потреба не смее да биде поголема од потребата да се дознае вистината, а вистината е дека по настанувањето на случајот од страната на ГАК преземени се сите мерки и постапки за објективна истрага, нештитејќи никого.“- велат од Клиниката за Гинекологија и акушерство.

Од таму информираат дека во однос на пријавата за несоодветно однесување на докторката  во одредени моменти за време на работното врем,  веднаш било  постапено согласно препораката на началничката на одделението и истата е прераспределена на друго работно место.